Научнофантастични предвидувања што станаа вистина

Во детството многумина од нас читаа научнофантастични приказни и не веруваа дека она што е опишано во нив може да биде реалност. Мина сосема малку време, а она што ни се чинеше како супер фантазија, веќе постои во реалниот свет.

1. Космички проектили

Во книгата на Жил Верн „Од Земјата до Месечината”, издадена во 1865 година, се опишани соларни едра и испраќање на човек на Месечината. Сто години подоцна овие „предвидувања“ на прочуениот француски веќе се вистина.

2. Сателити

Десет години пред реалната појава на сателитите, Артур Кларк ги опиша во своите книги. Според него секоја напредна технологија е равно на магија.

3. Подморница

Во 1870 година на виделина излегува друга популарна книга на Жил Верн – „20 илјади милји под вода”. Тогаш веќе постојат подводни чамци напојувани од човечка сила. Верн сепак го измислува „Наутилус” – подводен апарат кој го инспирира развојот на современите балистички подморници со независен моторен систем.

4. Водните кревети

Тие се споменати за прв пат во романот на Роберт Хајнлајн „Туѓинец во чудна земја” (1961). Првиот воден кревет излегува на пазарот седум години по објавувањето на книгата.

575

5. Невидливост

Во 1897 година се појавува научнофантастичната новела на Херберт Велс „Невидливата”. Иако невидливи луѓе уште нема, биле измислениавионите, невидливи за радарите, како и маскирни наноматеријали кои го искривуваат спектарот на светлина, така што прават минијатурни објекти невидливи за окото или микроскопот. Постојат гласини дека се направени и „невидливи” тенкови, но, во името на воената тајна, информациите за нив е строго доверливи.

6. Летечки автомобили

Во многу фантастични дела ликовите се придвижуваат на летачки автомобили. Денес тие се нешто сосема реално. Terrafugia Transition Roadable Aircraft е првиот комерцијален летачки автомобил, а неговата цена е околу 279 000 долари.

7. Вонземјани

Во романот на Херберт Велс „Војна на световите“ (1898) се развива конфликт меѓу луѓето и вонземјаните. Според авторот дојденците можат да загинат од една обична бактерија. Денес во плановите на NASA влегуваат мисии кон Марс и Европа, кои имаат за цел да откријат вонземски живот. Не, не зелените мажи, туку едноставни микроорганизми. Моделите предвидуваат дека под ледената покривка на Европа се кријат океани, во кои можеби постои живот. Па, и тоа е нешто.

aliens

8. Мобилни телефони и Bluetooth

„Кирк за” Ентерпрајз “. „Ентерпрајз” слуша “. Оваа фраза на капетанот Џејмс Кирк од “Ѕвездени патеки” е изречена во уред кој денес се нарекува Bluetooth. По механизмот на работа апаратите кои се користат во култната серија, малку се разликуваат од денешните мобилни телефони – им недостасува само меѓугалактички роаминг.

9. Оружје

„Војна на световите” ни дала и пророчка информација за топлинските зраци, со кои дојденците уништуваат противници. Денес постојат неколку варијанти на воени ласери кои се користат за соборување на ракети. Звучните топови како Long Range Acoustic Device (LRAD) се користеа од војската, која патролираше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година.

10. Роботите

Во 1920 година, Карел Чапек му ја подари на светот идејата за вештачки луѓе и го измисли терминот „робот”, кој доаѓа од рускиот збор за работа. Денес роботите се дел од нашиот свет. Засега безопасни. Земете ја за пример автономната правосмукалка  или беспилотните авиони BAE’S Taranis. Најблиски по изглед до човечкиот пак се ASIMO наречени во чест на Исак Асимов, кој ги измисли познатите „Три закони на робототехниката”.

19454-3drobos1

11. Космички патувања

Денес овој вид туризам постепено добива на интензитет. За него разбравме за прв пат од филмот на Стенли Кјубрик “2001: Вселенска одисеја”. Сега авантуристите со солидна банкарска сметка можат да одлетаат до Меѓународната вселенска станица. Веќе неколку приватни компании собираат барања за планетарни и суб-орбитални летови.

12. Астероид апокалипса

До неодамна никој не се грижеше за астероидите. Никој не ги сметаше за закана. Но во филмовите како “Армагедон” видовме вистински апокалиптични слики. Науката отпочна масовен интерес и денес NASA сосема сериозно ги изучува најопасните за Земјата астероиди кои поминуваат блиску до нашата планета.

13. Бебињата во епрувети и генетскиот инженеринг

Во романот на Хаксли “Прекрасен нов свет” (1932) постои пророштво за сè што науката прави денес. Хаксли успеа да обезбеди многу аспекти на генетскиот инженеринг – бебињата во епрувети, клонирање итн. Во неговата книга се споменуваат и дрога за создавање на добро расположение, потсетувајќи на денешните антидепресиви.

gmo3

14. Интерактивни таблети

Тешко е да се замисли секојдневниот живот без високо-технолошките мобилни уреди, нели? Е-читачите, смартфоните со екран осетлив на допир и таблетите денес се непроменливи атрибути на секој втор човек. Во 60-тите години на минатиот век, сепак членовите на екипажот на бродот „Ентерпрајз” во серијата „Ѕвездени патеки” користеа PADD (персонализиран  уред со екран), за да влезат во своите компјутери од далечина. Во „Водич за Галакси автостопер” читавме за електронски водич, многу сличен на денешниот iPad, при тоа со вистински галактички Wi-Fi пристап.

15. Тотално следење

Користењето на граѓаните, како и други елементи од антиутопијата на Џорџ Орвел “1984”, денес дури и не предизвикуваат чудење. Во 2009 година камерите за набљудување во Велика Британија беа 1 на секои 14 лица од населението. Денес тие се уште повеќе. Новинските програми, како што предупредуваше и Орвел, се уште еден доказ за постоењето на „министри на вистината”, кои нè убедуваат дека „војната е мир, слободата е ропство, а незнаењето е сила.”

Freedom-of-press

- Реклама -