Доколку барате низ списанијата и веб-сајтовите за природни производи за нега и раст на косата, во многу од нив ќе го најдете кокосовото масло наведено како „супер храна“ за вашата коса.
Ова е поради неговите антибактериски и антифунгални својства и затоа што е богато со минерали и витамини.
Кокосовото масло го стимулира растот на косата бидејќи протеините и маслото ја спречува загубата на протеини, кои водат до слабеење и оштетување на влакното. Ако го користите два пати неделно, со масажа на скалпот, ќе забележите дека циркулацијата и хидратацијата на вашиот скалп се има подобрено.
Како да го користите?
Луѓето кои се обидуваат да го запрат паѓањето на косата треба да го користат топло, со нежно масирање на скалпот. На овој начин, кокосовото масло продира длабоко во фоликулите, зајакнувајќи и хранејќи ја косата.
Со цел да постигнете максимални ефекти, пред да го нанесете на вашата коса треба да го загреете малку. Нанесете го маслото на вашиот скалп за да се осигурате дека маслото ќе се рашири еднакво на целата област. Продолжете со масажата на скалпот најмалку 5 минути. Оставете маслото да стои на вашата коса најмалку 1 час (или 2-4 часа ако сакате да постигнете поголеми резултати), а потоа измијте го со благ шампон со природни екстракти.
Треба да ја измиете косата темелно, бидејќи неправилно миење доведува до згрутчување на маслото со скалпот и отежнувајќи го растот на косата.
Кокосовото масло, исто така, се смета многу ефикасно во чистењето на вошки, и е неверојатно ефикасно во третманот против мозолчиња кои понекогаш се појавуваат на кожата на главата. Тоа не го стимулира само растот на косата, туку ја прави да изгледа сјајна и здрава, го чисти првутот, и делува како природен навлажнувач.
Најдоброто решение доколку сакате да имате убава, енергична и секси коса е користењето на кокосовото масло. Ако се уште се предомислувате, само погледнете колку производи за нега содржат кокосово масло.