Најубавиот „парфем“ во студеното Скопје

Доколку жалите по летото, сонцето и лубениците, со оглед на ниските температури надвор, веројатно не сте пронашле начин како да уживате во зимската мистичност.

За да ја сакаш зимата, треба да ја почувствуваш сета нејзина магија со сите мириси и вкусови.

Обично зима е годишно време за гледање филмови, за водење љубов, за топлиот чај кој што ги грее рацете додека низ прозорецот може да се почувствува сувиот студ, или за миг примамливиот мирис на печен компир.  Но, ние ви препорачуваме една убава прошетка низ Скопје и задлабочување во деталите.

Да започнеме со плоштадот. Тука од сите страни можете да го помирисате примамливиот мирис на костените, да ги стоплите рацете со хартиениот корнет и да се засладите со нивниот вкус, да се расоните со топло макијато и да продолжите низ мостот до другата страна од градот.

kosteni

Тука е едно од најживописните места – чаршијата. Место во кое можете да се задлабочите во секое едно движење. Од луѓето кои застанати надвор ги прелистуваат старите книги, секогаш со надеж дека ќе пронајдат непроценливо богатство во некое култно издание, до услужливите угостители кои со чаеви и карти брзаат да ги пречекаат своите гости уште на прагот. Чаршијата е и најдоброто место за љубителите на ќебапчињата и топлата ракија. Уште еден вкус на зимата што го топли телото.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

kjebapi-650x325

Патем можете да влезете во старите градби и да уживате во некоја галерија и да слушнете добра музика или едноставно да си подготвите плејлиста, да ставите слушалки и да ги надгледувате луѓето кои навидум наликуваат како зимата да ги турнала во зимска депресија и јурат кон своите планови, повеќето во брзање и со поглед во кој што се чита страв. Зимата не е црно-бела, зимата е во боја, барем за оние кои ќе научат каде да ја пронајдат и на кој начин да ја согледаат нејзината палета .

turski-caj-masala-01

Уживајте во прошетката.

- Реклама -