Ќе ве ослободи од стресот: Јога движење со прстите за подобар проток на енергија

Ксепана мудра е одлична за опуштање и ослободување на негативната енергија, бидејќи овозможува проток на енергија низ стомакот и исфрлање на токсини од телото.
Јога движењата со раце во кои се користат само дланките и прстите се нарекуваат мудри и претставуваат еден од системите на древната индиска медицина. Секој од нашите прсти на двете раце има различно значење и на секој му одговара енергија на одреден дел од телото.

Десната рака претставува машка страна и е под влијание на Сонцето, додека левата е женскиот дел од нашата природа и со неа управува Месечината. Десната рака собира моќ, додека левата дава. Мудрите се едноставни, но имаат голема моќ која може да го промени вашиот живот, бидејќи енергијата заклучена во дланките и чакрите се ослободува и насочува за да ги оствариме целите и да се сносиме со проблемите од секојдневниот живот.

Прочитајте и:  Што прави Деми Мур кога на 62 години изгледа подобро од било кога? Одговорот е поедноставен отколку што мислите

Ксепана мудра е одлична за опуштање и ослободување на негативната енергија, бидејќи овозможува проток на енергија низ стомакот и исфрлање на токисини од телото. Кога ќе почувствувате дека сте под притисок или под тензија, поврзете ги показалците како на сликата.

За ксепалната мудра важно е да го задржите здивот неколку минути, за да се сконцентрирате на издишувањето.

Потоа дишете длабоко три пати, додека го изведувате ова јога движење. Мудрите можете да ги вежбате во било кое време од денот.

Оваа мудра помага да го подобрите дишењето, ве ослободува од напнатост, ја подобрува концентрацијата и медитацијата, а им помага и на оние кои вежбаат да се фокусираат на добрите аспекти од својот живот.

- Реклама -