Најголемиот (и најубавиот) гулаб на светот

Повеќе...Гулабот Викторија не е како оние птици кои сме навикнати да ги гледаме во градовите и на плоштадите. Заради тоа што неговиот поголем роднина Додо веќе одамна е истребен вид, овој убавец сега ја носи титулата најголем гулаб на нашата планета. Тој исто така крие и една необична тајна. Птиците не продуцираат млеко, нели? Тоа е точно освен за два вида – Фламингото и Викторија гулабот.


Гулабот Викторија не е како оние птици кои сме навикнати да ги гледаме во градовите и на плоштадите. Заради тоа што неговиот поголем роднина [[Dodo|Додо]] веќе одамна е истребен вид, овој убавец сега ја носи титулата најголем гулаб на нашата планета. Тој исто така крие и една необична тајна. Птиците не продуцираат млеко, нели? Тоа е точно освен за два вида – Фламингото и Викторија гулабот.

9_2

Меѓутоа овие гулаби немаат жлезди како цицачите. Млекото се излачува од гушата – и кај мажјаците и кај женките. Погледнете како изгледа нивното малечко.

2_2

Ова „грдо пајче“ ќе порасне во гулаб со величенствена убавина.

victoriacrownedpigeonjurong_1

Од каде доаѓаат овие прекрасни птици? Гулабите кое го добиле своето име по англиската кралица Викторија живеат во ниските шуми и мочуришта на Нова Гвинеја и неколку острови на крајбрежјето. Тие, како и Додо птицата, живеат на тлото и несат само по едно јајце, што е и една од причините зошто овој вид е на работ на истребување.

4_1

Да, за жал, овие птици се на работ на изумирање од неколку причини: 1. затоа што не се плашат од луѓето 2. вкусни се што не е добро за нивниот опстанок 3. затоа што луѓето од Нова Гвинеја сакаат да се дотеруваат со нивните прекрасни пердуви. Да се надеваме дека овој вид ќе успее да преживее и покрај се и нема да ја доживее судбината на својот роднина.

victoriacrownedpigeongouravictoriawingsspread2236px_1

- Реклама -