„Нечистите“ тајни на студентките

Одбиваме да поверуваме, ама една анкета во Британија покажува дека женскот дел од студентите… тешко ни е дури и да го кажеме… се многу понечисти од нивните машки колеги.

На пример, дури 61 процент од студентките признале дека ја превртуваат долната облека наопаку и ја носат уште ден-два, наместо да ја фрлат за перење, каде што припаѓа. За разлика од нив, тоа го прават „само“ 45% од машките. Меѓу другите статистики:

-Две третини (74%) од студентките најверојатно ќе ископаат нешто за носење од купот облека фрлена за перење, додека кај машките таа бројка е околу половина (55%).

-И двата пола се фанови на „the washing hack“, кој всушност значи купување на нова облека, наместо перење на старата (63% од женските и 64% од машките).

-82% од женските и 79% од машките студенти се потпираат на најосновниот од сите тестови – помирисување на долната облека, за да утврдат дали е нечиста.

-Дури 55 проценти од студентите ќе го износат секое парче во гардероберот пред да исперат облека.

Анкетата е спроведена од Muvo – бренд на прашок за перење, а од резултатите јасно се гледа дека женскиот е понеуредниот (или можеби поискрениот? )пол.

P1000482[1]

- Реклама -