Модерните мажи во споредба со нивните претци се мекуши

Повеќе...Праисториските австралиски Абориџини во денешни услови би можеле да трчаат побрзо од Јусејн Болт, Тутсите од Руанда во текот на церемонијата на иницијација скокаат повеќе од светскиот рекорд во скок во височина (2.45), а жените Неандерталки со леснотија би гo победиле Арнолд Шварценегер во туркање со рака. Така тврди австралискиот антрополог Питер Мекалистер во книгата Manthropology која зборува за физичката слабост на модерниот човек.


341318958_6d92e0cdbd
Праисториските австралиски Абориџини во денешни услови би можеле да трчаат побрзо од Јусејн Болт, Тутсите од Руанда во текот на церемонијата на иницијација скокаат повеќе од светскиот рекорд во скок во височина (2.45), а жените Неандерталки со леснотија би гo победиле Арнолд Шварценегер во туркање со рака. Така тврди австралискиот антрополог Питер Мекалистер во книгата Manthropology која зборува за физичката слабост на модерниот човек.

„Модерните мажи всушност се физички најслаби од сите негови претходници од минатото кои лесно би можеле да ги победат во речиси сите атлетски дисциплини со трчање и скокање. Нашите претци едноставно биле посилни, што било последица на неспоредливо потешката физичка работа која секојдневно ја извршувале.“ тврди австралискиот антрополог.

Неговите заклучоци се темелат врз научната метода на истражување на брзината на австралискиот Абориџин, чии 20.000 години стари фосили беа откриени во едно автралиско езеро. Трагите од стапалата на шест Абориџини кои фаќале плен говорат за тоа дека боси и по многу меко тло трчале со брзина од најмалку 37 километри на час, додека на пр. Болт за време на рушењето на светскиот рекорд на 100 метри неодамна во Берлин трчаше со најголема брзина од 42km на час. Мекалистер изведува заклучок дека древните Абориџини во денешни услови, со патики и на атлетска патека, би достигнале брзина од најмалку 45km на час.

„Мора исто така да кажеме дека фосилните остатоци како овој што беше пронајден во Австралија, се многу, многу ретки, па оттаму мора да заклучиме дека Абориџините кои оставиле траги во мекото тло не биле најбрзи во своето племе, а камоли во целиот свет во тој момент.“ тврди Мекалистер.

Во продолжението на книгата австралискиот антрополог ги обработува фактите изведени од фотографиите на еден германски антрополог снимени во 1905 год. во Африка, а на кои со анализа се утврди дека младите мажи од племето Тутси за време на церемонијата за иницијација скокаат 2.52 метри во височина, седум сантиметри повеќе од рекордот на Хавиер Сотомајор.

„Сите момчиња од тоа племе морале во текот на целата иницијација да скокнат повисоко од нивната висина, инаку не би се сметале за мажи. Тутсите тоа го прават стотици години, а тие момчиња развиле навистина феноменални способности за скокање во височина, многу подобри од денешните атлетичари.“ додава Мекалистер, кој книгата ја завршува со фактот дека Неандерталката имала 10 % повеќе мускулна маса од денешниот модерен човек.

„Хипотетички кажано, тогашните Неандерталки да биле тренирани, би постигнале 90% од мускулна маса која на врвот од кариерата ја имаше Арнолд Шварценегер, а заради својата физиономија и ниските рамења со леснотија би го победиле во туркање со раце. Сите овие факти покажуваат дека во однос на неговите претци денешниот маж е мекуш.“ тврди антропологот кој во својата книга набројува уште случаи на физичка супериорност на нашите претци во однос на денешните врвни спортисти. Така на пр. римските легионери во еден ден трчале и по 60 km со тешка опрема од 40kg, древните Атињани имале околу 30.000 веслачи кои без проблем би го освојувале олимписко злато, а австралиските Абориџини го фрлале копјето, кое било дрвено и потешко од денешното, во далечина и до 110 метри, 11 и пол метри повеќе од денешниот светски рекорд.

- Реклама -