Серверите на Pirate Bay, запленети од шведската полиција

Шведската полиција вчера ги заплени серверите Pirate Bay, што предизвика големо незадоволство на интернет.

p

Во изјава за TorrentFreak, шведската полиција потврди дека е запрена работата на некои сервери кои се запленети.

„Направена е рација во собата со сервери во Стокхолм. Причината е повредата на законот за авторски права“ – стој во соопштението од полицијата.

По исклучувањето на страната почнаа да излегуваат информации дека истата е повторно вратена онлајн на друга локација, меѓутоа според информациите тоа не е точно. Се работи само за страни кои што сепак информациите ги влечат од главната, па покрај насловната страна, ништо друго на нив не функционира.

Исто така се препорачува да не се отвораат страни за кои што се тврди дека се The Pirate Bay, поради можноста истите да биде искористени од страна на разни страни кои што прават малициозен софтвер и слично.

Се надеваме дека и овој пат нема да биде трајно.

- Реклама -