Недвижностите во Сан Франциско стануваат се поскапи и помали. Curbed го претстави најмалиот стан во градот во моментов – тој има само 20 квадратни метри и е именуван како мини-студио.
Има една соба, во која не може да собере повеќе од еден кревет. Кујната е сосема минијатурна – во неа има мал мијалник и еден шкаф. Нема место за шпорет.
Од фотографиите не станува јасно дали во собата има прозорец. Киријата на овој имот е 1 425 долари месечно. Ова ги вклучува сите сметки. Имотот се наоѓа во фрекфентен дел на градот.
Еве неколку фотографии: