Лут чај: Излечете го болното грло по брза постапка

Чувството на болка и печење во грлото, како и кашлицата, се самите по себе најчести симптоми за време на зимскиот период, кои иако нема да ве „заковаат“ за креветот, максимално ќе ви го исцрпат телото и ќе го уништат вашето расположение. Рецептот за чај кој ви го прикажуваме во продолжение ќе ви помогне во борбата против овие иритантни појави.

Состојки:

– 1 мала лажичка рендан свеж ѓумбир
– 1 лажица мед
– сок од еден исцеден лимон
– 250 мл. врела вода

Подготовка:

1. Свежиот рендан ѓумбир ставете го во лонец и прелијте го со врела вода.
2. Откако ќе се олади малку додадете го медот и сокот од лимон.
3. Промешајте и испијте додека е се уште топло.

Совет:

Овој чај е најдобро да го конзумирате навечер пред спиење и наутро на гладен стомак.

- Реклама -