Не е премногу да се каже дека токму Кина е земјата во која можат да се сретнат најбизарните архитектонски иновации. Овој скромен станбен комплекс во Кингдао, е наречен Yichang Meijing, што во превод значи убава глетка.
Но, доколку ги загледате зградите повнимателно, ќе забележите дека на нивната фасада се случува нешто необично.
Имено, низ целата должина на зградата се нацртани лажни прозорци кои освен фактот што создаваат оптичка илузија, немаат никаква практична функција. Всушност, гледајќи ги од далеку тие изгледаат навистина реалистично.
Сепак, и покрај лажните прозорци, ентериерот на овие апартмани изгледа навистина убаво.