Директорот на онлајн компанијата “Netflix” Рид Хастингс смета дека телевизијата каква што ја познаваме сега, ќе згасне до 2030 година.
Причината тој ја гледа постојаниот пад на приходите од реклами.
Според Хастингс компаниите кои рекламираат производи, до две години ќе почнат да ги вложуваат своите пари во целост во дигиталните и интернет платформи . Ова ја навестува смртта на телевизија до 2030 година.
Интересно е што американската корпорација уште во 2011 година анкетирала 50 телевизиски експерти, кои истакнале дека конвенционалната телевизија ќе го достигне својот крах до две децении.
Ова не се први прогнози од овој тип. Многумина предвереме ги „умираа“ радиото и весникарството, но тие се уште постојат и за среќа не им се гледа крајот. Се надеваме дека и црното сценарио за телевизијата нема да се оствари, барем не во следните 100 години.