Предлог филм: „Големата риба“ на Тим Бартон (2003)

Big Fish во режија на Тим Бартон е еден од најубавите филмови некогаш создадени. Убав во смисла на естетската убавина, боите, фантазијата која умствено не лови од нашиот реален свет и целосно не внесува во живописната фикција, држејќи не таму до самиот крај и не дозволувајќи ни’ да трепнеме ниту за миг.

bf04

Едвард Блум отсекогаш бил раскажувач на драматични приказни за својот живот во младоста.

Одеднаш неговата страс за патување го води од еден мал град во Алабама во разни места ширум светот и повторно назад.

 

Со своите чудни приказни за џинови, сијамски близначки-пејачки, вештерки, бури, тој успева да шармира секого што ќе го сретне, освен својот син, Вил. Кога мајката на Вил, Сандра, ќе се обиде да ги зближи, Вил очајно ќе сака да го натера неговиот татко барем еднаш во животот да направи дистинкција меѓу реалноста и фантазијата. Но дали истата е неопходна?

- Реклама -