Никој во љубовните односи не сака да испадне изигран, но неверства се случуваат. И оние емотивните и оние физичките. Сепак, не гледаат и двата пола идентично по ова прашање.
Најнова студија донесе неочекувани резултати кога се во прашање романтичните врски. Верувале или не, голем дел од луѓето не би раскинале свежа врска, дури и да дознаат дека личноста со која се гледаат, се гледа и со некој друг.
Едноставно, тоа не го сфаќаат како сериозен престап, па дури ни како препрека при развивање на понатамошниот однос кон сериозност.
Во истражувањето учевствувале повеќе од 2.600 слободни мажи и жени на возраст од 18 до 59 години, а речиси четвртина испитаници се согласиле да стапат во брак со личност која што им била неверна за време на врската.
Еве како мажите, а како жените гледаат на неверството:
– 82 проценти од жените и 56 проценти од мажите, допишувањето преку социјалните мрежи и разменувањето на секси пораки и слики го гледаат како неверство.
– 19 проценти од жените под неверство сметаат страствен бакнеж со друга личност, додека тоа го мислат дури 86 проценти од мажите.
– 92 проценти од жените и 86 проценти од мажите се согласуваат околу тоа дека неверството е сексуален однос со друга личност.