Тие се пријателките со кои можете да го пиете утринското кафе. Со нив можете да ги споделите најдобрите и не толку добрите утра. Ако сте се разбудиле одморени, тие ќе одговорат на вашето расположение, ќе го споделат вашиот ентузијазам од претстојниот нов ден и ќе се насмевнат, заедно со вас. Во мрачни и поспани утра пак тие ќе ви помогнат да размислувате позитивно, замислувајќи си сонце, дури и тогаш кога надвор е врнежливо.
Ова е нашата 365 утринска доза за добро расположение. Вака ние го започнавме денот и енергично ја споделуваме тајната. Уживајте 🙂
“Her morning elegance” на Oren Lavie
Во оваа песна сè е убаво – музиката, текстoт, вокалот, видеото! Ако сте ја слушале, би требало да се согласите. Но доколку не, тогаш е време да го направите тоа.
“Pokito a Poko” на Chambao
Kога утрото е безгрижно и нежно како пердув, тогаш тоа е стилот што ќе го обожавате. Потсетува на безгрижните денови на плажа, кога никој не знае точно кој ден е денес или колку е часот.
“Enjoy the ride” на Morcheeba
Толку е прекрасна што ќе сакате да ја слушате повторно и повторно. Ќе ве однесе на пат, на „добро возење“, а доколку го заслушате текстот ќе ја откриете песната на нов начин. Препуштете се на музичката магија.
“Wake up” на Sliimy
Eдно екстравагантно и живописно парче за деновите во кои што сакаме да сме малку луди и само да живееме.
„Orgine of Love“ од Neil Patrick Harris
Песнава е филмска нумера од филмот Hedwig and the Angry Inch. Истата е еден интересен мит за тоа како настанала љубовта. Дефинитивно убаво будење, со мала тензија.
Убав ден на сите <3