Ferrari, еден од најпознатите иконски брендови за спортски автомобили во светот, продолжува да нe восхитува со креациите. FXX К е новиот бисер во колекцијата на компанијата кој ќе биде претставен официјално на Yas Marina кругoт следниот викенд во Абу Даби. FXX К всушност е Ferrari LaFerrari, но со многу повеќе спортски дух, како што гледате и од фотографиите.
Како што сугерира името, FXX K е член на XX програмата на Ferrari, која е доста уникатна во автомобилскиот свет. Во општи црти, компанијата открива супербогати фанатици на брендот и им продава смешни прототипи, кои остануваат во посед на Ferrari.
Слично на LaFerrari, FXX K е хибрид, но како бензинецот V12 мотор, така и електромоторите биле подобрени значително. Во комбинација, овие два системи даваат 1035 коњски сили, во споредба со само 949 коњски сили при стандардниот модел. “К” во овој случај значи KERS. Овие системи од кинетичка енергија, системи за обновување биле користени во Формула 1 со години, но оваа апликација е можеби повеќе агресивна во производството на автомобили до овој момент.
Дури и да имате пари за таков автомобил, Ferrari не открива детали околу цените. Како и со многу од најексклузивните автомобили на Ferrari, тоа нема да биде по договор во кој ќе барате автомобил. Не е тајна дека треба да имаш доста врски и да си истакнат фан, бидејќи во спротивно ќе може да го гледаш овој автомобил само на слика.