4 смешни суеверија кои интернетот ги одржува во живот

Астрологија Кога ќе се спомне некое суеверие, сите се смееме заедно со групата и на тој начин активно го критикуваме заостанатото размислување на поединци. Но, ќе се изненадите кога ќе дознаете колкумина од нас штом ќе останат на само со своите компјутери започнуваат потрага по квалитетни вуду-кукли од нивните шефови, сопружници, пријатели итн.


Кога ќе се спомне некое суеверие, сите се смееме заедно со групата и на тој начин активно го критикуваме заостанатото размислување на поединци. Но, ќе се изненадите кога ќе дознаете колкумина од нас штом ќе останат на само со своите компјутери започнуваат потрага по квалитетни вуду-кукли од нивните шефови, сопружници, пријатели итн.

Вуду4. Вуду

Ако мислите дека вуду е примитивна форма на магијата на имитирање со која се служат само уште негативците во нискобуџетните хорор-филмови, тогаш се лажете или пак сте пропуштиле нешто. Отидете до семоќниот Google и впишете voodoo во правоаголникот за пребарување. Не кликајте ништо. Почекајте пребарувачот да ви извади предлози за пребарување. Ќе видите дека во ова „модерно“ време постојат групи, форуми, продавници, консултанти… или поедноставно кажано – вуду бизнисот цвета!

Потоа тркнете до страницата на Википедија посветена на традиционалното вуду. Таму ќе дознаете дека за да се бавите со оваа уметност, ќе ви биде потребна кукла. Нормално, продолжувате со пребарувањето и дознавате оти тие чинат од 20 до 100 долари (во зависност од квалитетот) и доаѓаат со упатство за употреба. Се продаваат и книги со вуду-магии кои  можат да чинат и до 50 долари. И сето тоа на крајот ќе го зачините со неверојатните сведоштва на луѓе кои со само 200-300 потрошени долари успеале да си го повратат загубениот љубовник или да се отарасат од шефот.

Духови3. Лов на духови

Не верувате во духови? Можеби само се преправате оти не верувате, затоа што не знаете како да ги ловите! Да започнеме уште едно пребарување на интернет. Впишете Ghost h во правоаголникот на Google и видете колку резултати ќе добиете. Еден од нив ќе биде и овој веб-сајт каде што можете да добиете сертификат за овластен ловец на духови. Кога веќе сте се решиле да навлезете во тој бизнис, добро е да имате сертификат, за да не ви се смеат! Нормално, за да имате фер шанса против незгодните духови, не заборавајте да купите и: духомерач ($30), крстена вода ($3,50) и секако неизбежниот гајгеров бројач кој мери радијација од духови?! Само ако нашите примитивни претци ја имаа сета оваа технологија на располагање, денес можеби воопшто немаше ни да постојат духови!

Aстрологија2. Астрологија

Астрологијата постои речиси подеднакво долго колку и човештвото. Тоа е „наука“ за начинот на кој произволно земените соѕвездија во однос на Земјата, влијаат на животите на припадниците од еден незначаен животински вид на илјадници светлосни години оддалеченост.

Кога Google ќе извади близу 40 милиони резултати на оваа тема, ќе си речете – и не е така лошо, барем за астрономија има неколку илјади повеќе! – Но, тогаш ќе видите дека за астролошките знаци има близу 60 милиони резултати и сета радост ви паѓа во вода. На пример, само за „сексуална астрологија“ има преку 4 милиони резултати.

Ако се прашувате како се отклучуваат тајните на ѕвездите, тогаш ќе ви кажеме. Можете да си посетувате курсеви по астрологија чија цена е од 100 долари по курс, па нагоре. Но, сепак, се работи за 2009 година и ако не можете да го искористите компјутерот за да најдете љубов меѓу ѕвездите, тогаш за што друго би ви служел?! Па така, можете да си нарачате професионален астролошки софтвер за само 400 долари. Од друга страна на Амазон.ком се нуди „Единствената астролошка книга што некогаш ќе ви затреба“ за само $13,57. Па, кому да му верувате? Прашајте ги ѕвездите, ако не!

Вештерство1. Вештерство

Вештерството не е толку јако колку вуду, но сепак има нешто привлечно во танцувањето голи со ѓаволот и мешање чудни состојки во смешни казани итн. Направете пребарување на оваа тема и ќе добиете подеднакво многу резултати за магии, книги, направи сам, помош, советување и сл. на тема вештерство. Ќе најдете дури и бесплатни книги во pdf.

А, ако ве мрзи да читате, да пребарувате по сведоштвата на вистинските пациенти на кои вештерството им помогнало со маките, тогаш отидете на оваа страница и нарачајте си он-лајн магија од 7 вештерки. Не може да штети, нели?!

- Реклама -