Децата не им се приоритет на родителите постари од 50?

И официјално е, родителите веќе не ги сметаат децата како број 1 приоритет.  Следен пат кога мајка ви ќе ви рече дека „секогаш ќе и бидете дете“, да знаете дека лаже.

Според анкетата за животен стил на веб-сајтот Silversurfers.com, родителите веќе не се „потресуваат“ околу децата како што тоа обично го правеа. И не само тоа, туку не им е ни грижа што ќе помислат другите – тие се чувствуваат добро заради тоа. Интересно е што се чини дека и нивните стравови од староста полека исчезнуваат. Имено, родителите сега се чувствуваат, во просек, 14 години помлади од нивната вистинска возраст.

Па, штом не се децата, да видиме што им е најважно.

Cute old couple smiling with adult children

ТОП 10 ПРИОРИТЕТИ НА ЛУЃЕТО ПОСТАРИ ОД 50:

1. Финансиска сигурност: Очигледно, финансиските неволји не не напуштаат ни по 50-тата.

2. Здравје: Со возраста, се повеќе грижи се насочуваат кон болката во колената и зглобовите.

3. Внуци: Луѓето сакаат да живеат доволно долго за да ги пораснат внуците.

4. Избегнување на сите видови на стрес: Сте паднале на испит? Ама ич не им е гајле.

5. Среќа: Животната потрага по среќа никогаш не запира.

6. Поминување време со семејството: Со таа разлика што овој пат тие се во фокусот на вниманието.

7. Исполнет живот: Ако знаете дека постои нешто што го сакаат цел живот, подобро ставете го на листата на новогодишни подароци.

8. Патување: Никогаш не е доцна за да го видите светот. Особено ако имате над 50 и сте го завршиле својот дел од работата.

9. Да ги видат своите деца среќни и во брак: Најпосле, им текна на децата. Изгледа сепак се грижат, а? Не баш. Само 13% од 1000 прашани го навеле ова како приоритет.

10. Да им помогнат на своите деца да купат свој дом: Просто да се покаеш за секој лош збор што си го рекол за нив…

Young woman hugging her grandmother

 

- Реклама -