За цвеќињата постојат ммногу интересни работи за кои може да се зборува и да се научи нешто ново.
Ќе започнеме со симболичката смисла на секоја од боите.
Белата боја, на пример, симболизира невиност и чистота (таа исто така се смета и за неутрална);
Зелената има значење на приврзаност, помирување, надеж;
Жолтата зборува за живот, желба, брак, но и за љубомора и завист;
Портокаловата со својата свеченост, топлина, енергија и радост ветува власт, славење;
Розовата значи нежност;
Црвената е од најактивните и темпераментни – зборува за љубов и страст;
Сината – спокојство, сериозност, сон, верност, одржливост;
Сивата е боја на сиромаштијата и очајот;
Виолетовата е боја на послушноста. Таа е свечена и празнична.
Добро е да сме запознаени и со симболичното значење на комбинацијата на некои од боите (на пример бела и сина боја значи мудрост; бело и црвено – наградување; бела и светложолта – гордост; сина и жолта – трпение…) како и кои цвеќиња е пожелно да ги избегнуваме за подарок.
Во Европа жолтата боја не се прифаќа особено добро (се смета за знак за завист и љубомора); во многу земји хризантемите асоцираат на смртта, погреби и жалост; во Кина, Централна и Јужна Америка белите цветови во самостоен букет не се прифаќаат.
Самите цвеќиња, колку и да се убави одделно, не секогаш се трпат едно со друго. Трендафилот каранфилот, орхидеите, Лилињата, момината солза треба да бидат сами, бидејќи испуштаат отровни материи и им пречат на останатите. Каранфилот венее брзо заедно со розата. Нарцисот и лалето се трпат меѓу себе, но крај нив загинуваат други цвеќиња.
Често му подаруваме цвеќе на близок човек кој боледува. Тука настапува науката за влијанието кое го имаат цвеќињата на нашето расположение. Науката, изучувањето и примената на ефектот на боите, се нарекува терапија на бои (колоротерапија).
Црвената боја влијае позитивно врз имунолошкиот систем, па затоа се одразува благотворно на оние кои доживеале операција, страдаат од хроничен замор. Огнениот букет делува возбудливо врз нервниот систем. Не е пожелно, сепак да се подаруваат црвени рози, каранфили, дали и др. на луѓе со хипертензија, бидејќи црвеното го зголемува крвниот притисок.
Виолетовата делува смирувачки, ја зајакнува внатрешната рамнотежа. Ако се занимавате се со умствена работа ставете на својата работна маса букет во виолетова боја, бидејќи истата активира мисловен процес.
На жолтата боја се припишува својството да го подобрува расположението и исто така да го активира.
Особено значење при правење на комбинации, имаат боите како топли или ладни.
Кон топлите се однесуваат жолтата, портокаловата и црвената. Ладните, соодветно се сината, зелената и виолетова.
Можно е сепак преку нијанси студените да станат топли (на пример жолто-зелената е потопла од сино-зелената).
Во такви случаи се внимава да не доминираат топли бои. При комбинација на жолта и сина, за да има хармонија, жолтата треба да е помалку.
Осветлувањето ја прави темната боја поинтензивна отколку ако се наоѓа во сенка на посветла боја. Ако се бара весело расположение, се избираат топли тонови, но за свечени случаи се претпочитаат студените.