Природен напиток против ‘рчење

Освежете се со цеден сок од овошје и зеленчук пред спиење за мирен сон.
Луѓето кои консумираат природни сокови, почесто користат овошје, отколку зеленчук во своите мешавини. Меѓутоа, оние кои имаат проблеми со холестеролот, боледуваат од дијабетис или висок крвен притисок, би требале да водат сметка за баланс. Тоа значи да користат што повеќе зеленчук во својот напиток.

Лимонот и лиметот не содржат доволно природен овошен шеќер, колку други овошни плодови, па затоа можат да се користат во разни количини и често се токму тие оние кои што го подобруваат вкусот на природните коктели. Во секој случај за цедените сокови се препорачува исклучиво органско овошје и зеленчук.

Доколку имате проблем со ’рчење, за мирен сон избегнувајте тешка или пржена храна навечер, алкохолни пијалоци, преработена храна и млечни производи. Исто така, за добро да се одморите може да ви помогне една чаша свежо цеден морков со јаболко.

Состојки:

1 парче ѓумбир

1/4 лимон

2 органски моркови

2 органски јаболки

Подготовка:

Помешајте, исцедете ги состојките и направете од нив сок во блендер. Откако ќе го испиете не ви останува ништо друго освен убаво да спиете.

Откако ќе го испробате овој напиток, можете да ни ги пишете вашите впечатоци. Уживајте во најубавата мешавина од здравото и вкусното.

- Реклама -