10 најзабегани теории на заговор

Теории на заговор Теориите на заговор се родија во Америка и срамежливо започнаа да се шират кон остатокот од светот, некаде во средината на минатиот век. Денес, со посредство на неговото височество – интернетот, теориите на заговор станаа глобален феномен. Речиси и не постои место во светот каде што не живее некој од зависиниците од овие модерни бајки.


Теориите на заговор се родија во Америка и срамежливо започнаа да се шират кон остатокот од светот, некаде во средината на минатиот век. Денес, со посредство на неговото височество – интернетот, теориите на заговор станаа глобален феномен. Речиси и не постои место во светот каде што не живее некој од зависиниците од овие модерни бајки.

СИДА1. Кристалите кои се формираат зад авионите, а кои настануваат како резултат на испуштањето на отпадните материи и водената пара всушност содржат неидентификуван биолошки агенс кој владата намерно го испушта. Целта на ваквата постапка не е откриена од страна на поддржувачите на теоријата, но важно е дека истите веруваат оти тоа е така.

2. ХИВ вирусот бил лабораториски создаден во 1974 година, од страна на СЗО, со цел да се намали бројот на населението. Друга верзија на истата забегана теорија вели оти ЦИА и КГБ го изработиле заеднички овој проект и успешно го тестирале во Африка.

3. Близу Атланта, Џорџија, постои отворено складиште во кое, на виделина лежат преку половина милион пластични мртовечки сандаци. Теоретичарите тврдат дека тие сандаци (и ним сличните низ Америка), како и неколкуте концентрациони кампови кои владата ги има изградено, ќе се искористат за воведување полициска држава, а како изговор ќе се користи големата финансиска криза.

Експериментот Филаделфија4.Експериментот Филаделфија, популаризиран во истоимениот роман од Чарлс Берлиц, е првиот случај на постигнување потполна невидливост на еден објект. Оваа теорија тврди дека уште во 1943 година, американската војска успеала да создаде технологија што ја извртува светлината на начин кој го прави објектот невидлив. Но, за време на експериментот, нешто тргнало наопаку и бродот кој бил користен се загубил во време-просторот, подоцна појавувајќи се на различни локации низ морињата. Многумина од морнарите биле повредени, станувајќи дел од структурата на бродот. Војската негира дека некогаш воопшто постоел таков експеримент.

5. Нападот на Перл Харбор се случил затоа што било дозволено да се случи. Теоретичарите теоризираат оти неколку од сојузниците на Америка испратиле предупредувања до Америка дека следи изненадувачки напад, па дури и дека самите Американци ги разбиле јапонските шифри, но сепак дозволиле нападот да се случи за да имаат изговор да се вклучат во војната.

Москва6. Подметнувањето бомби во станбените комплекси во Москва било извршено од ФСБ (наследниците на КГБ), за да се оправда новата руска инвазија на Чеченија.

7. Пол МекКартни е мртов. Во 1966 година умрел во сообраќајна несреќа, но веднаш бил заменет од двојник кој неверојатно наликува на него, па дури и звучи речиси идентично. Теоретичарите велат дека постојат едно чудо извори кои го потврдуваат ова, а најсилниот аргумент е дека само Пол е бос и чекорот му е несинхронизиран со останатите на обвивката од албумот Abbey Road.

8. Шекспир бил некој друг! Делата што му се припишуваат на Шекспир се напишани или од Францис Бекон, Кристофер Марлоу, Вилијам Стенли или Едвард де Вер. Заговорниците тврдат дека не постојат докази дека актерот со име Вилијам Шекспир би можел да стои зад сите тие драми.

9.Исус Елвис Присли ја лажирал сопствената смрт. Ова е една од најпопуларните теории на заговор која вели дека кралот ја иссценирал смртта за да се тргне од јавноста и најпосле да добие шанса да го живее својот живот. Два таблоиди отишле до таму што отпечатиле цел серијал натписи за животот на Елвис по наводната смрт, со многу детали, извештај за скршена нога во несреќа со мотор и секако, „вистинската“ смрт, некаде во средината на деведесеттите.

10. Заговорот за Исус. Оваа теорија започна со турбо-фолк литературата на Ден Браун. Неговата „Кодот на Да Винчи“ тврди дека Исус се оженил со Марија Магдалена, имал неколку деца, а тие се преселиле на југот од Франција каде што се измешале со благородничката лоза од династијата Меровињиан. Денес, нивните нааследници тврдат дека се правилните наследници на тронот на Франција, а се именуваат себеси како Приори од Сион?!

- Реклама -