10 нешта кои глобалното затоплување може да ги смени засекогаш

Повеќе... Од зелената Сахара, потонатиот Лондон до пустината Амазонија, погледнете кои се некои од најзастрашувачките предвидувања за ефектите на глобалното затоплување.


Од зелената Сахара, потонатиот Лондон до пустината Амазонија, погледнете кои се некои од најзастрашувачките предвидувања за ефектите на глобалното затоплување.

1. Големиот корален гребен ќе исчезне за 20 години
a96827_a500_great-barrier-gone.jpg

Големиот корален гребен толку ќе се деградира од затоплувањето на водата што ќе стане непрепознатлив после 20 години.  Charlie Veron, поранешен научник во Australian Institute of Marine Science, изјави за The Times дека: „Не постои излез надвор, ниту решение, Големиот корален гребен ќе исчезне во текот на следниве 20 години.“ Кога еднаш јаглерод диоксидот ќе дојде на тоа ниво предвидено за 2030 и 2060-тата, сите корални гребени ќе бидат осудени на изумирање. „Тоа ќе биде првиот екосистем во светот кој ќе колапсира. Го имам истражувањето на секој
научник кој ги проучува коралните гребени и на секоја организација која се занимава со овој проблем. Имам зборувано со сите нив. Ова е критично. Ова е реалноста.“

2. Амазонската дождовна шума ќе се претвори во пустина
a96827_a500_amazon-desert.jpg

Преполна со милиони видови и една петтина од целукупната светска свежа вода, Амазонија е најголемата тропска дождовна шума во светот. Меѓутоа, глобалното затоплување и уништувањето на шумите негативно влијаат и ја менуваат нејзината улога на бели дробови на нашата планета, претворајќи 30-60% од дождовната шума во савана. Предвидувањата велат дека таа ќе исчезне комплетно до 2050.

3. Пустината Сахара ќе стане зелена
a96827_a500_sahara.jpg

Научниците забележуваат знаци на позеленување на Сахара и околните региони што се должи на зголемените врнежи од дожд. Ако тоа продолжи така, обилните дождови ќе ги ревитализираат овие сушни предели, претворајќи ги во земјоделски заедници. Ова намалување на пустината се вели дека ќе ја врати Сахара назад 12.000 години кога таа била зелена, бујна савана.

4. Ураганите ќе бидат поразорувачки
a96827_a500_katrina.jpg

Сè уште не е потврдено дали ураганот Катерина е поврзан со глобалното затоплување,но постојат индикации дека глобалното затоплување ќе предизвика повеќе урагани од 5 категорија – а ураганот Катерина спаѓаше во категорија 4. Ураганите ја добиваат својата сила делумно од затоплените води, а моделите за прогноза на времето покажуваат дека идните урагани ќе стануваат почести како што расте температурата на водата на површината на морињата.

5. Лондон може да потоне до 2100
a96827_a500_london-underwater2.jpg

Не се само гребените и островите во опасност од глобалното затоплување. Всушност, и големите урбани региони се под голем ризик и им се заканува опасност да ја повторат судбината на Атлантида. Ова е предизвикано од промената на морското ниво кое ќе започне кога глобалното затоплување ќе го заземе својот тек, што ќе резултира со тоа крајбрежните градови да бидат потопени. Постои можност неколку од светските градови, вклучувајќи ги и Лондон и Њујорк, да потонат до крајот на ова столетие, според истражувањето кое сугерира дека глобалното затоплување ќе го зголеми нивото на морињата порапидно отколку што се мислеше претходно. Лондон е една од позагрозените светски метрополи со голем ризик за овој вид на потонување под вода. Научниците велат дека градот може да биде под вода најрано во следните 100 години.

6. Животните ќе станат помали
a96827_a500_ship-shrink.jpg

Потоплата клима ќе влијае врз големината на животните. Истражувањето, кое се базира врз анализа на телесната маса на рибите, планктоните и бактериите во европските екосистеми, дојде само после една недела откако научниците ни открија дека овците на Шкотските острови стануваат помали заради климатските прилики. Оваа нова студија открива дека индивидуалните видови изгубиле просечно по 50% од нивната телесна маса во изминатите 30 години. Редуцираната телесна маса е третиот универзален еколошки одговор на глобалното затоплување. Истражувачите велат дека оваа промена може да го измени и да влијае врз синџирот на исхрана, со тоа што опстанокот на предаторите може да бидат загрозен заради помалиот плен.

7. Ќе исчезнат 2.000 индонезиски острови
a96827_a500_indonesia-islands.jpg

Најмалку 2.000 помали острови низ арехепелагискиот дел на Индонезија можеби ќе исчезнат до 2030 како последица на прекумерното минирање и другите активности кои и штетат на околината. Индонезија веќе изгуби 24 од нејзините  повеќе од 17.500 острови.

8. Глобалното затоплување ќе предизвика пораст на тероризмот
a96827_a500_terrorism-migration.jpg

Според истражувачите, глобалното затоплување ќе ги дестабилизира посиромашните и земјите во развој околу светот, предизвикувајќи масовни миграции и потенцијал за пораст на тероризмот. Според претседателот на
National Intelligence Council in the US, климатските промени ќе предизвикаат повеќе луѓе да бараат егзил, а тоа ќе го зголеми притисокот на земјите кои ќе ги примаат бегалците, кои нема да имаат ниту ресурси, ниту интерес да ги примаат оние кои мигрираат.

9. Алпите ќе се стопат комплетно
a96827_a500_alos.jpg

Глечерите се повлекуваат заради топлите, суви зими и потоплите лета предизвикани од глобалното затоплување, и иако врнежите од снег во скијачката сезона 2008-2009 беа значителни, во последните години во просек имаше помалку снег во пониските предели, а губењето на глечерите и топењето на вечните снегови се зголеми – што имаше големо влијание врз туризмот и зимските активности. Се предвидува дека глечерите комплетно ќе исчезнат помеѓу 2030 и 2050. Италија и Швајцарија одлучија да ги прецртаат границите, откако заради глобалното затоплување се смени изгледот на Алпските глечери кои ја означуваа границата на овие две земји.

10. Малдивите комплетно ќе потонат
a96827_a500_maldives.jpg

На најниската и најрамната земја на светот и се случуваат крајбрежни ерозии, што може да резултира таа да потоне доколку морското ниво продолжи да расте, додека островите стануваат се помали и помали. Научниците и даваат околу 1000 години на оваа земја пред таа комплетно да исчезне во океанот кој ја опкружува.

- Реклама -