Едноставни начини да го направиме лошиот ден – прекрасен

Денеска е еден од „оние денови”? Се ви изгледа мрачно, безнадежно и досадно.

Не се грижете. Не е потребно остатокот од денот да биде ист. Всушност само во неколку чекори можете да го претворите во еден од најубавите прекрасни денови во својот живот.

1. Да се потсетиме дека минатото не е еквивалентно на иднината.

Не постои такво нешто како „серија на лоша среќа”. Причината луѓето да веруваат во такви бесмислици е што човечкиот мозок има склоност да создава модели од случајни настани и ги памети само оние кои одговараат на сложувалка.

its-such-a-beautiful-day

2. Да не претскажуваме работи кои ќе се обвистинат.

Ако поверувате дека остатокот од денот ќе биде лош како почетокот, бидете сигурни – наскоро ќе кажете или ќе направите нешто што ќе го оствари мрачното предвидување.

3. Реализација на големините.

Размислете за работите во голем обем. Освен ако не ви се случило нешто што може да го промени животот на секој (како смртта на некој близок), најверојатно до две недели целосно ќе заборавите за неприликите, кои ги имате денеска.

beautiful_day_by_lugansku-d3bnu80

4.Да го промениме сопствениот праг за “добро” и “зло”.

Земете ја одлуката дека најдобар ден е секој, во кој сте уште над земјата. А лош е оној ден во кој ви е украден автомобил и ќе ве потопи морето. Такви дефиниции ни помагаат да бидеме среќни лесно – и тешко да бидеме несреќни.

5. Да ја подобриме хемијата на телото.

Телото и мозокот ви се наоѓаат во постојана врска на повратни информации. Лошото расположение ве прави уморни, истовремено влијаејќи на исхраната и самодовербата. Прекинете го со тоа што едноставно ќе станете, ќе се раздвижите и ќе најдете начин да се насмеете. Прошетајте или каснете нешто здраво.

7796011984_6a55d6651e_z

6. Фокусирање на работите што одат добро.

Главната причина да сте убедени дека денот ви е лош, е ако сте се фокусирани на оние работи кои се движат тешко. Во исто време, сепак, има барем десет работи кои се во ред во вашиот живот. Направете листа и држете се до нив.

7. Очекуваме чудо.

Исто како мрачниот внатрешен став, што не тера да ги гледаме само проблемите, така и погледот кон иднината со чувството за чудо не тера да се чувствуваме живи. Разберете дека токму сега, насекаде околу вас, се случуваат чудесни нешта!

a_beautiful_day_by_twostepsfromhell2-d6xqkvv

- Реклама -