За повеќето луѓе играњето игри е само хоби и најчесто се ограничува до кликање на Candy Crush во автобусот на пат кон дома. 23-годишниот Вилијам Круз е гејмер кој смета дека игрите се доста сериозни. Толку сериозни што постави светски рекорд на Монт Еверест.
Во очекување на лансирањето на „Far Cry 4″, производителот Ubisoft го избра добитникот Курз , за победник во натпреварот “Quest for Everest: The Gaming Journey of a Lifetime”, со тоа што тој доби можност да патува до Еверест, каде ќе ја одигра играта на позадината на неверојатната глетка.
Иако е страствен турист, Вилијам Круз никогаш не го напуштал САД. Благодарение на Ubisoft тој успева да ја посети Катманду, глечерот Кумбу, достигнувајќи до базниот камп на Ubisoft на Еверест. Среќниот добитник вели дека задачата не била толку лесна: „Со зголемување на надморската височина одењето почна да станува сè потешко и потешко, па дури требаше да пијам многу повеќе вода. Скоро цело време се чувствував како да полагам додипломска по трчање на 3 милји ” вели Круз за FoxNew.
„Беше толку студено што имав мраз на јакната, откако ја завршив играта. Бев многу изненаден што PlayStation 4 работеше без проблеми кај овие ниски тепмератури. “, вели Круз.
Тој играл во текот на 90 минути, но во неколку наврати постојано го дефокусирале најубавите глетки за време на зајдисонцето.
Иако ова не е најдобро изиграната игра во неговиот живот, сигурно ќе биде најдобро зпомнетата, бидејќи со неа тој поставил светски рекорд „Guinness World Record for Highest Altitude Videogame Console Session” на 18 569 метри.
„Беше навистина импресивно да се видат овие планини покриени со снег во играта, а потоа да го поместиш погледот и да ги видиш во живо. Иако беше тешко, би го направил тоа повторно “, вели Круз.