Купил на аукција стар ормар, а во него подоцна пронашол богатство

Филип ЛеКлерс го купил овој стар ормар со маса на аукција за само 40 долари. Но, од оваа инвестиција тој добил многу повеќе од она што го очекувал. 61019804-stol-aukcija-obveznice-phillip-leclercИмено, во стариот мебел тој пронашол скриени обврзници кои вределе повеќе од 125 илјади долари, пренесува „Boston Globe“.

„Ова не е возможно“, извикал тој кога ги пронашол. 60-годишниот ЛеКлерк раскажува дека за вакви работи често слушал и читал, но никогаш не верувал дека може да му се случат и нему.

„Ја поместив масичката со делот кој се отвора за да се формира работна површина, кога испадна кваката со мали, внатрешни фиоки. Додека гледал во нив, забележал како наѕира плик од малата празнина кај фиоката“, раскажал Филип.

Прочитајте и:  Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 

„Првото парче кое го извлеков беше 500 долари, и тоа беше доволно за да се возбудам“, додал среќниот купувач кој заедно со сопругата пронашле еден куп обврзници од кои шест имале вредност по 10.000 долари.

Мебелот бил купен на 19 ноември за само 40 долари, а откако ги пронашол вредните хартии во него, веднаш го исконтактирал претседателот на аукциската куќа која започнала да трага по вистинските сопственици.

Семејството на кое му припаѓало овој стар ормар ги барала обврзниците со години. ЛеКлерк само на кратко имаше можност да почувствува како е да се има 127 илјади долари.

- Реклама -