Слетувањето на кометата е лага?! Еве зошто така мисли Интернет

Кога роботот Филе ја допре ледената површина на кометата одалечена 483 милиони километри од Земјата, беше прогласено технолошко чудо. Сепак, некои сметаат дека одредени аспекти на слетувањето се премногу чудни. Така, за дел од приврзаниците на теориите на заговор, слетувањето на кометата 67П/Чурјумов-Герасименко е само уште една лажирана претстава. Нивни главни аргументи се тоа што наводно не е снимено „живо“ видео од слетувањето и тоа што нема ѕвезди на фотографиите испратени од Филе.

На веб-сајтот Gutter Trash велат: „Колку и да постои манипулирана медија и компјутерски генерирани слики (CGI), не може да се скрие фактот дека да се слета мала вселенска сонда на комета која прелетува со огромна брзина низ вселената, на 300 милиони милји од Земјата, е технолошки невозможно“.

Дури и интернет конспираторите, кои обично прават разлика помеѓи „добри“ и „бесмислени“ теории на заговор, се согласуваат дека оваа е солидна во својата суштина.

„Со оглед на тоа што слетување на летечка вселенска карпа не се случило ниту еднаш во историјата на човештвото, а никогаш немало ниту обид, ЕСА или имаше серија на извонредна почетничка среќа, или целата работа е комплексна измама“, вели Дејвид Тејлор Чејс, од конспираси сајтот Truther.org.

Тејлор верува дека се работи за второто, истакнувајќи го фактот дека ЕСА нема видео во живо од слетувањето, „покрај останатите аномалии“. Тејлор е сомничав и околу самата комета – „ледените вселенски топки“, каква што е 67П/Чурјумов-Герасименко, според Тејлор, би требало да стекнат поаеродинамична форма додека летаат низ вселената, што е сосема спротивно од „чизместата“ форма на фотографиите од кометата.

Rosetta_OSIRIS_NAC_comet_67P_20140803_1[1]

„На кратко, кометата има многу не-кометен изглед, што упатува на тоа дека целиот нејзин изглед е фабрикуван, веројатно во некоја напредна верзија на Фотошоп“.

Исто така, Тејлор истакнува и дека нема видливи ѕвезди на фотографиите кои наводно се направени од сондата и дека сенката на кометата е во погрешна насока.

Според него и неговите истомисленици, целата 10-годишна мисија е исценирана од ЦИА, со цел да го услови човештвото кон наводен астероидски напад на Земјата, кој всушност ќе биде испланиран и извршен од луѓе.

Најџел Вотсон, автор на Haynes, UFO Investigations Manual, вели: „Уште од слетувањата на Месечината со човечки екипаж, постои сериозен сомнеж дека тие, како и многу други вселенски мисии, се лажирани. Ова е со цел за да се сокрие фактот дека НАСА веќе има поставено бази на Месечината и Марс, и дека тајно соработува со вонземјани“.

Како контра-аргумент се наведува дека проблемот е што Филе бил опериран од Европската Вселенска Агенција, а не САД и НАСА. Па така, кога би постоел заговор, и други земји со свои вселенски програми би морале да бидат вмешани. На пример, Русија.

- Реклама -