Божествените суштества во Карни Мата

Во градот Дешнок, кој се наоѓа во северозападниот дел на Индија, има едно место за обожување, што е различно од сите останати.Се вика Карни Мата и е посебен хиндуиски храм. Таму се чуваат како божества жителите на храмот, кои всушност не се луѓе, туку стаорци – обожувани животни кои можат да го натераат секој да остане изненаден. Почитуваните суштества се нарекуваат Кабалата и бројат над 20 000 илјади.

daniela-Karni-Mata

 

Светилиштето е изградено во почетокот на 1900-та година во чест на божицата Карни Мата. За неговата изградба бил употребен црн и бел мермер, а фасадата ја украсуваат прекрасни мермерни скулптури, сребрени и златни украси, донирани од биканерскиот махараџа Ганг Синг. Друг негов дар е и прекрасната врата на храмот, која е дело на уметноста. Во неа се изгравирани божиците и боговите на позадината на прекрасни филигрански арабески. Карни Мата исто така е присутна во целата композиција – таа држи трозабец на победата и е опкружена со стаорци. Легендата вели дека жената аскет Карни Мата се обидела да заживее дете од своето племе, но не успеала. Му се молела на богот на смртта Пит да и го врати детето, но тој и објаснил дека веќе е доцна, бидејќи момчето веќе е преродено на земјата. Тоа ја вознемирило Карни Мата и лута, и се зарекла дека никој од нејзиното племе повеќе нема да падне во рацете на Пит. Наместо тоа душите на нејзините наследници ќе се реинкарнираат за еден живот во свети стаорци – Каба.

Bowl-of-Rats-at-Karni-Mata

jnkl

 

 

Во хиндуизмот смртта го означува крајот на еден живот и почетокот на нов. Овој циклус на повторното раѓање е познат како Самсара и ги објаснува почитта и почитувањето кон глодарите во храмот. За многу туристи местото изгледа чудно и тие не можат да си го објаснат фактот дека во светилиштето живеат животни кои шират болести и се доживуваат како напаст. Луѓето кои ги почитуваат сепак, изминуваат огромни растојанија, за да ја изразат својата почит кон нив.

daniela-live-jouirnal-rat-temple

 

Безброј свети глодари мирно шетаат или постојано трчаат во Карни Мата. Тие навистина се обожувани од локалните, бидејќи пред молитва сите тие им оставаат храна и вода. Низ целата светиња има садови со млеко, жито и колачи.

iojml karni-mata_6736_990x742

 

Верниците комуницираат на чуден начин со овие суштества -богомолците ги галат со почит, а други легнуваат на камениот под, во очекување да бидат полазени од нив, бидејќи се смета дека тоа носи среќа. Посетителите на храмот треба да бидат многу внимателни за да не прегазат без да сакаат некој од светото семејство. Но сепак, ако тоа се случи, човекот ќе треба да дарува златен или сребрен елемент на храмот, инаку го загрозува голема несреќа.

karni-mata-by-daniela karni-mata-4-622x415 more-rats-at-rat-temple

 

Над внатрешниот двор во оваа светиња дури се протега ситна мрежа која ги чува негуваните стаорци од грабливи птици и други природни непријатели. Слично на другите индиски храмови и во Карни Мата посетителите треба да ги соблечат чевлите пред да влезат. Приврзаниците не пропуштаат да каснат и Прасад, подарена од свештенослужителите во храмот. Прасад е храна, полазена или нагризана од стаорците, која се продава во месноста.

- Реклама -