Француски пронаоѓач создаде пилула која не само што ги решава проблемите со варењето, туку исто така им дава пријатен мирис на издувните стомачни гасови.
Името на пронаоѓачот е Кристијан Поаншеовал. 65-годишниот Французин сакал да се најаде обилно со пријателите, но, за време на ручекот нивните стомаци се преоптовариле и почнале да испуштаат стомачни гасови.
„Оваа непријатна ситуација ме натера да пронајдам некакво средство што ќе нè избави од слични моменти”, се сеќава Кристијан.
Пред некое време тој разработи апчиња што им даваат на цревните гасови мирис на темјанушки и рози, а сега, токму пред Божиќ, пуштил и „чоколадна” серија.
Шеесет апчиња се продаваат по цена од 10 евра. Тие можат да бидат идеален подарок Божиќ.
Таблетите, како што вели тој, се изготвени од природни производи.