Денес ќе ви претставиме една листа на 10-те најскапи фотографии продадени некогаш.
Да погледнеме кои се тие:
10. Без наслов слика на Едвард Вестон од 1925 година – $ 1 609 000
Продадена во 2008 година од аукциската куќа Сотби во Њујорк, сликата е дел од серијата наречена “Unclothed Studies”, и го отсликува телото на Тина Модоти – фотографка, модел актерка и политички активист, миленичката на Вестон.
9. „Тоболскиот Кремљ” на Дмитриј Медведев, 2009 година – $ 1 750 000Продадена во 2010 година на приватна добротворна аукција, сликата ги прикажува белите камени ѕидови и кули на Кремљ во Тоболск, Русија.
8. „Били Кид” од страна на непознат фотограф, 1879-80 година – $ 2 300 000Продадена во 2011 година, ова е единствената автентична слика на познатиот американски разбојник.
7. „Без наслов # 153″ од Синди Шерман, 1985 година – $ 2 700 000Сликата е една од 6-те достапни такви и е продадена во 2010 година.
6. “The Pond – Moonlight” (“Езерото – месечева светлина”) на Едвард Стајхен, 1904 година – $ 2 928 000Сликата е во пикториалистичен стил, типичен за крајот на 19 и почетокот на 20 век.
5. “Chicago Board of Trade III” од Андреа Горски, 1999 година – $ 3 298 755Сликата продадена во 2013 година, го отсликува напредокот на технолошката индустрија и меѓународниот пазар.
4. “99 Cent II Diptychon” на Андреа Горски, 2001 година – $ 3 346 456
Сликата е една од првите, продадени по толку висока цена, со тоа што во тоа време – во 2007 година – предизвикала голема јавна дебата.
Сликата е една од првите, продадени по толку висока цена, со тоа што во тоа време – во 2007 година – предизвикала голема јавна дебата.
3. “Dead Troops Talk” (“Разговор меѓу мртви војници”) на Џеф Вол, 1992 година – $ 3 666 500Фотографијата е монтажа и ги пресоздава последиците од заседата во Авганистан, зимата во 1986 година.
2. “Без наслов # 96” од Синди Шерман, 1981 година – $ 3 890 500Оваа фотографија е продадена во 2011 година.
1. “Rhein II” (“Рајна II”) од Андреа Горски, 1999 година – 4 $ 338 500Фотографијата е продадена во 2011 година во Њујорк. Чудно е што најскапата фотографија продадена некогаш, е толку силно преработена со Photoshop. Горски вели дека отстранил многу од предметите на сликата – згради и дрвја, бидејќи и штетеле на композицијата.