Сос од печурки за тестенини и месо

Збогатете ги јадењата со пикантен сос од печурки.

Состојки:

300 г. свежи печурки

200 г. кисела павлака

1 морков

1 пашкант

главица кромид

2-3 чешниња лук

мелен бибер

коријандер

босилек

свеж магдонос

ловоров лист

сол

2 дл вода

лажица густин

лажица сенф

масло

Подготовка:

Испржете ги на коцки исецканиот морков и пашкантот, потоа додадете кромид, бибер и коријандер. Кога кромидот ќе добие златно-жолтеникава боја, додадете печурки исецкани на листови, прелејте со вода и динстајте 20-ина минути. Потоа додадете ги сите состојки.

Изматете густин и гответе уште неколку минути.

- Реклама -