Вертикална шума: Ова е најубавата кула во светот

„Bosco Verticale“ или во превод „Вертикална шума“ е дизајн на архитектонското студио „Boeri“.

Овој иновативен модел на пошумена кула ја доби овогодинешната награда на Меѓународниот натпревар во дизајн на згради, како најубав и најиновативен проект.

541695_soliteri-foto-profimedia-4_ff

Проектот е избран како најдобар, бидејќи на многу импресивен начин се вкучени 14.000 растенија во бетонските блокови.

Оваа зграда е идеално решение за градовте на изнината.

541692_soliteri-foto-profimedia-3_ff

– Вертикалната шума е израз на човековата потреба за контакт со природата. Ова е радикална и храбра идеја за градовите на иднината и без сомнеж претставува модел како би требало да се менуваат урбаните и пренаселени градови во Европа, истакна претседателот на жирито на натпреварот, Кристоф Ингенховен.

541690_soliteri-foto-profimedia-2_f

– Вертикалната шума претставува совршен спој на хармонија меѓу луѓето и дрвјата. Ова е прв пат во светот висока зграда да ја оплемени градската флора и фауна, бидејќи обично се случува спротивното. Многу сум среќен поради Милано и италијанската култура, вели Стефано Боери.

Проектантите добиле награда од 15.000 евра, а спонзор е музејот за архитектура во Франкфурт.

- Реклама -