Поголемите гради трошат повеќе на шопинг?

Ако сакате да заработите милиони, мора да ги разберете потрошувачките трендови. Тоа најдобро го знае кинескиот интернет џин Alibaba – веб сајт за интернет трговија. Компанијата посветува многу внимание на тоа да предвиди како потрошувачите ги трошат своите пари и да ги воочи потрошувачките трендови. Па така, додека задолжените го анализираа огромното море од бројки, наидоа на многу чудна корелација – жените што имаат поголеми гради, трошат повеќе пари.

65% од Кинескињите што носат градник со корпа B се најдоа во долниот дел на потрошувачкиот пиедестал, со само 7% од нив вмешани во високопотрошувачката класа. 61% од сопственичките на градник со големина C или D учествуваат во средната категорија на трошење, додека цела третина од жените со градник со големина E трошат 9% повеќе од оние со градник D и 24% повеќе од оние со градник B.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Pictureneeded_zps2d23c8f0[1]

Меѓу останатите „откритија“ на „дата-рударите“ на Аlibaba се и дека 80% од кинеските жени што носат градник G имаат натпросечни примања, но и селфи по долна облека. Кинеските мажи со високи примања преферираат жени со поголеми гради, ама не трошат повеќе од 16 долари на градник-подарок. Жителките на Гуандонг имаат најголеми гради, а Пекинг е престолнина на оние слабичките со манекенски гради.

Што ќе правите со статистикиве, ваше си е…

- Реклама -