Направете здрави кокосови колачи без печење

Од овие колачи или барови кои се прават без печење ќе станете потполно зависни, а можете да ги направите за помалку од 10 минути…
Тие, исто така, се одлични за ужина каде и да сте.

Хранлива вредност од еден бар:

Калории: 100

Масти: 8 грама

Јаглехидрати: 7 грама

Протеини: 1.5 грама

Растителни влакна: 1.5 грама

Screenshot_6

Состојки:

1 чаша (80 грама) рендан кокос.

1/4 чаша агава или чист јаворов сируп.

2 лажици ладно цедено (virgin) кокосово масло.

1/2 лажици чист екстракт од ванила.

нотка сол.

Инструкции:

Ставете ги сите состојки во сад и мешајте додека не се соединат. Ставете ја смесата во мал сад и оставете ја во фрижидер околу еден час пред да ги сечете на парчиња. Може да се чува во фрижидер или замрзнувач неколку недели.

- Реклама -