4 луѓе за кои немате чуено, а кои го спасиле светот

Френк Најтешко е да бидете херој. Хероите секогаш остануваат во сенките, умираат за општото добро и секогаш одбиваат да се сликаат. Добрите (и херојските) дела се прават само за да бидат направени, а не за публицитет. Можеби токму тоа е причината што немате чуено за овие луѓе кои го своевремено го спасиле светот.


Најтешко е да бидете херој. Хероите секогаш остануваат во сенките, умираат за општото добро и секогаш одбиваат да се сликаат. Добрите (и херојските) дела се прават само за да бидат направени, а не за публицитет. Можеби токму тоа е причината што немате чуено за овие луѓе кои го своевремено го спасиле светот.

Френк4. Чуварот кој собори претседател

Френк Вилс работел како чувар во хотелот Вотергејт во 1972 година, за импозантни 80 долари неделно. Една најобична вечер, патролирајќи низ хотелот забележал врати кои се отворени и залепени со селотејп. Ги тргнал лентите лепак, ги затворил вратите и заминал. При повторната патрола, видел дека истите врати одново се отворени. Се јавил во полиција, а ограбувачите кои биле уапсени брзо беа поврзани со незаконското однесување на Никсон и потоа веќе ја знаете приказната.

Да не беше Френк Вилс, денес немаше секој политички скандал да добива наставка -гејт, Никсон веројатно ќе воспоставеше апсолутна власт на републиканската партија и речиси сигурно светот ќе беше далеку полошо место за живеење.

Што доби херојот за возврат? За разлика од Никсон кој поднесе оставка, па стана автор на бест-селери и проживеа живот во луксуз како награда за криминалот, Френк Вилс избледе во сиромаштија. Ја загубил работата, а на други места му рекле дека стравуваат од реперкусии од американската влада ако го вработат. Набргу потоа му ја исклучиле струјата зашто не можел да плаќа сметки, немал пари да ја погребе мајка му, а во 1983 отишол затвор зашто се обидел да украде чевли од 13 долари. Умре во 2000 година.

Детето3. Детето што го уби Ричард Лавовското Срце

Ричард Лавовското Срце бил кралот на Англија (кој најчесто е игран од актери како Шон Конери) кој бил најсилното оружје на Англија во Крстоносните војни. Доживела возраст од тогаш, неверојатни 42 години, кога загинал поради својата арогантност.

Во едно мало кралство кое го покорил, убил татко и син. Другиот син на истиот човек, мало дете (чие име историјата не го ни забележала, па најчесто го викаат детето) одбило да се покори и стоејќи на ѕидините, стрелајќи од самострел и бранејќи се со тавче. Ричард се качил на ѕидините, a детето стрелало кон него, промашувајќи. Тој почнал да се смее, по што малиот ставил нова стрела и го погодил во рамото. По кусо време, раната се инфицирала и кралот умрел од гангрена. Пред да умре, го помилувал детето. Сепак, откако умрел, неговите војници го одрале детето и за да биде уште поморничава сликата, го обесиле.

Да не беше тоа дете, Ричард можеби ќе имаше дете, што ќе го оневозможеше крало Џон (неговиот брат) да ја преземе власта. А токму слабакот Џон е причината што апсолутистичката власт на англиската круна се претворила во формална, што отвори пат за сите нешта што се случија оттогаш наваму – како настанувањето на демократијата.

Дона2. Љубовницата која помогна во освојувањето на „Новиот свет“

Koга Кортез пристигнал во „Новиот свет“, империјата на Ацтеките имала околу 20 милиони жители. Кортез, со својата шпанска ароганција пристигнал со војска од 600 луѓе. Пресметајте сами кој бил соодносот на силите и што ќе им се случело на конквистадорите доколку Кортез не добиел на подарок 20 робинки, меѓу кои била и Ла Малинч, која подоцна била преименувана во Дона Марина.

Дона Марина многу брзо му станала преведувач на Кортез и благодарение на нејзиното познавање на културата и на пантеонот, како и на лукавоста со која успеала да ги убеди сите дека Кортез и неговите луѓе се потомци на ацтечкиот бог Кецалкоатл. Па така, кога пристигнале во главниот град, Теноџтитлан, императорот се предал без борба. Кога му станало јасно оти е измамен, веќе било доцна.

Што ќе станело со светот доколку Кортез добиел некоја поглупава робинка на подарок? Никој не може да знае. Но, имајте на ум дека голем дел од цивилизациските придобивки, поточно нивната безбедност ѝ ја должиме токму на оваа жена. Сетете се дека Ацтеките годишно жртвувале 84400 луѓе, само за богот на сонцето да не ја активира апокалипсата. Па, ако успееле да ги прочитаат Шпанците како обични ограбувачи и ги искасапеле, тогаш ќе имаа шанса да ги проучат оружјата и да започнат со сопствена продукција. До денес, веројатно ќе имаа врвни воени авиони кои ќе ни сееа страв и ужас… или можеби воопшто немаше да постоиме, ако стигнеа до атомска бомба и активирање на апокалипсата!

Жаку1. Трговецот со јаглен кој спаси крал

Еден ден, некаде околу 1640 година, сиромашниот трговец со јаглен Жаку донел дома полуудавено момче кое го извлекол од езерото блиску до палатата. Со сопругата го негувале цела ноќ, сè до моментот кога не си ја повратил свеста и започнал да се подбива со нивното сиромашно живеалиште, храната која ја јадат, облеката која му ја облекле. Се испоставило оти Жаку го спасил младиот крал Луи XIV, а тоа било поткрепено уште истиот миг кога кралската гарда влетала во колибата! За спасувањето кралот на селанецот му ветил едно чудо пари. Историјата не ни соопштува дали си го одржал ветувањето, но…

Без него, модерната Франција и голем дел од денешната уметност немаше да постои. Ако кралот се удавел во езерото, тогаш немало да има шанса да владее 72 години – време кое го минал во обединување на расцепканите делови од Франција, финансирање уметности, војување со секоја нација која ќе го погледнела на криво. Неговото незауздливо трошење ја довело кралската каса во долгови, а брзо и целата земја во сиромаштија – нешто што ефективно ја предизвикало француската револуција. Не треба никој да ви кажува колку светот ќе беше поинаков ако тоа нешто никогаш не се случеше, нели?

- Реклама -