Секогаш во рекламирањето на iPhone 6 часот е 9:41. Зошто?
Не е случајно. The Atlantic дава одговор во онлајн материјал. За фиксниот час во рекламирањето на уредите на Apple може да се трага назад во времето до јануари 2007 година, кога на конференцијата Macworld Expo & во Сан Франциско Стив Џобс го претстави од сцената првиот iPhone. Во 9:00. тој започна говор во кој изјави „Ова е денот кој со нетрпение го очекувам од две и пол години. (…)
Понатаму знаеме дека револуционерниот производ се појавува на пазарот и менува сè.
Кога Џобс ги заврши последните зборови, екранот зад него се освети и се појави слика на новиот паметен телефон на пазарот. iPhone. Часот беше точно 9:42 наутро. Од тогаш во сите маркетинг активности на Apple – во сите илустрации на печатените дигитални кампањи, како и во видео реклами, часовникот на iPhone посочуваше 9:42. Така беше со години. Во 2012 година еден поранешен инженер и екс одговорен за маркетинг на производи на компанијата – Боб Борчарс, ја откри тајната пред калифорниски студенти. Тој им раскажа дека часовникот во раната телевизиска и печатена реклама на Apple го покажува овој час, бидејќи всушност тоа е точниот час во кој iPhone бил претставен за прв пат.
Видеата со Борчарс кој зборува за практиките во маркетингот на Apple, за симболите и стратегиите на фирмата, како и за состојбата на технолошкиот пазар, беа закачени на YouTube и останаа таму некое време. Потоа беа тргнати, информира Business Insider. Снимките биле направени од млад човек во публиката кој ги објавил истите во мрежата.
Имајќи го тоа предвид, зошто во рекламирањето на iPhone 6 во 2014 година, времето не е познатиот 9:42, а 9:41?
Тој е променет минута наназад, за да се задржи традицијата, како и многу други тестаменти на Џобс, времето во рекламирањето на телефонот да е вистинското, во кое што телефонот за прв пат бил виден од луѓето. Тоа го објасни Скот Форстал – директор на Apple, цитиран од The Atlantic.
Додека се составувал клучниот говор на Тим Кук, била предвидена должина од 40 минути.
„Кога се појави големата (рекламна) слика на производот на екранот сакавме наведеното време максимално да одговара на она на часовниците на публиката . Но знаевме дека нема да погоди точно 40 минути. За (претходниот) iPhone наведовме 9:42 часот. и се покажа дека сме биле прилично точни. За iPad го направивме 9:41. Еве ви ја тајната на магичното време (во Apple ) “, коментира Форстал.
Навистина, првото претставување на iPad се случува токму во 9:41 часот. наутро, како и на последниот iPhone 6. Сите ситни детали во маркетингот на Apple имаат симболика, објасни пред Калифорнискиот студентите пред неколку години Боб Борчарс. Тој откри дека Стив Џобс сакал неговата компанија да го создаде „првиот телефон во кој што луѓето ќе се заљубиле” – револуционерен производ кој им овозможува на корисниците да носат интернет во џебот. Маркетинг тимовите биле предводени од Џобс и од неговата стратегија да се следат три насоки:
1.) „ Да се прекршат правилата на пазарот!”,
2.) „Секогаш да се обрне внимание на деталите!” и
3.) „ Да се натераат луѓето да мислат различно за врската со уредот!”.
Многу од работите кои потрошувачите денес ги сакаат во iPhone се апликациите, видео и фотографските можности, GPS и говорната интеракција, а сите тие биле дел од оригиналните одредби за маркетингот, од самите почетоци на компанијата.