Ве покануваме да ѕирнете малку повнимателно во работите кои секојдневно ве опкружуваат. Нашата имагинација може да биде моќен инструмент доколку знаеме како да ја искористиме.
Мио, уличниот уметник од Русија кој живее во прекрасниот Санкт Петерсбург, е во мисија да ги разубави работите кои изгледаат безнадежно.
Така, тој од распаднатиот малтер, дупките на ѕидовите и на улиците, како и дамките кои изгледаат непоправливо, ги претвора во неверојатно симпатични уметнички дела.