Фотографот Крис Лекхард го обиколува светот, барајќи напуштени згради, кои ќе ги документира низ објективот на својот фотоапарат.
За својата нова серија тој се осврнува на училишта, за кои дознава преку интернет пребарување, во разговор или едноставно случајно.
Така „Напуштени училишта” не пренесува во три држави – САД, Канада и Јапонија и ни покажува дека во овие навидум полусрушени згради има некоја необјаснета убавина.
Тие сугерираат спомен за минатите денови кога училниците биле живи благдарение на смеата на учениците, а по ходниците оделе наставници, подготвени да го предадат знаењето.