Првиот автобус напојуван со човечки отпад, го направи деби кругот во градот Бристол, напиша „Дејли мирор”, цитиран од агенциите.
Возилото е со 40 места и е именувано „Био бус”. Тоа е управувано единствено од човечки телесни и отпадоци од храна.
Автобусот ќе одделува многу помалку штетни гасови .
Возилото веќе е во редовна експлоатација меѓу Бристол аеродромот и градот Бат. Биогасот употребен за гориво, е добиен во пречистителната станица за отпадни води „Џенико”. Менаџерите на автобуската линија истакнуваат дека во пракса таа се придвижува „од локалните луѓе”.
Ништо чудно и самите патници да дале личен придонес во добивање на биогас. Истата компанија која го добива производот од човечки и отпадоци од храна, вложува дел од своето производство во националната мрежа на природен гас.
Новиот автобус може да помине растојание од 300 километри со едно полнење на резервоарот. Овој волумен се постигнува од годишните телесни и отпадоци од храна само на пет лица.