Полнет пица – компир

Освен што изгледа одлично, истиот е навистина вкусен.

 

Потребно е:

2 поголеми компири

2 шолји рендана моцарела

4 тенки парчиња сланина

сирење или кашкавал по желба

4 јајца

свеж магдонос

сол

бибер

Подготовка:

Компирите добро измијте ги со жица за рибање, па издупчете ги со вилушка. Печете ги со кора на 200 степени околу еден час.

Оставете малку да се оладат, па пресечете на половина по должина на компирите. Од средината извадете малку „месо“ со лажица.

Во вдлабнатината ставете малку сланина, (сирење по желба) и скршете едно јајце во секоја половина.  Сето тоа зачинете го со бибер и сецкан магдонос. Печете 20 минути на 180 степени. Служете со прилог по желба.

Ова е одлична инспирација со која што можете да експериментирате со вкусови. Можете да го наполните компирот со било што по ваша желба и да дегустирате.

Наздравје 🙂

- Реклама -