Константното гледање во вашиот телефон е еквивалентно на тоа да носите 8-годишно дете на ушка. Еден доктор од Њујорк предупредува дека луѓето мораат да внимаваат на подобро држење на ‘рбетот додека ги користат своите гаџети, или ризикуваат операција подоцна во животот.
Со добра позиција на ‘рбетот, главата на просечен човек тежи од 4.5 до 5.4 килограми. Но, кога ја наведнуваме главата нанапред и ја држиме во таа позиција, во зависност од аголот, ‘рбетот страда од оптоварување исто како она што би го трпле при носењето на многу потешка глава на рамената. Зборуваме за МНОГУ потешка глава. Така, под агол од 15 степени, ‘рбетот чувствува оптоварување од 12.2кг, под агол од 30 степени – 18кг, а под агол од 60 степени – дури 27 килограми.
Во студијата што ја спроведе хирургот (специјалист за ‘рбет) Кенет Хансраџ, се објаснува дека наведнатата глава дополнително го оптоварува ‘рбетот, а при оптоварување од 27кг и константно праќање пораки и сурфање на интернет, ‘рбетот страда како што би страдал кога би носеле 7 дињи на рамената, речиси преку целиот ден.
„Иако е речиси невозможно да се избегне технологијата што ги предивикува овие проблеми, луѓето треба да се потрудат да гледаат во своите телефони при неутрална положба на ‘рбетот и да избегнуваат часови и часови згрбавеност над смартфонот“, вели Хансраџ.
Во просек, луѓето поминуваат од 2 до 4 часа дневно наведнати над телефоните и таблетите. Годишно, таа бројка би се превела во 700 до 14000 часа. Звучи многу? Вашиот ‘рбет се согласува.