Пет џемпери за оваа сезона

Во текот на студените денови, џемперот е навистина неопходен. Удобен, топол, прекрасен…Следните пет модели се хит за оваа сезона.
Тие одлично одговараат со парчиња од гардеробата што имаат висок појас, здолништа со молив крој, фармерки или панталони со широки ногавици.

 

Елегантен

Под него носете кошула на копчиња, а нема да погрешите ако го „нафрлите“ преку фустанот.

Гломазен плетен џемпер

Плететените џемпери станаа есенска класика и тоа со добра причина – освен што се многу топли, тие даваат префинетост и рустикална нота. Оваа сезона се популарни оние со драматични мотиви.

Елегантна ролка

Елегантниот стајлинг го добивате ако комбинирате панталони или здолниште, а неверојатно е чик кога таа станува повеќеслоен дел кој „ѕирка“ под фустанот или комбинизонот.

Асиметрична туника

Идеална за деновите кога немате многу време за „средување“, но и понатаму сакате да изгледате кул. Одлично одговараат со фармерки или хеланки.
Џемпер со детали

Шљокици, реси или нешто сосема трето – важно е на џемепрот да се наоѓаат детали кои ќе привлечат внимание. Запомнете дека од време на време треба да носите и нешто забавно.

- Реклама -