Пиењето пиво има доста позитивни карактеристики.
Се разбира, доколку е во рамките на умереното.Што, според лекарите, значи две пива на ден за мажите и едно за жените? Тие исто го разбија и митот дека од овој пијалок се дебелее. Излегува дека качувањето на килограми доаѓа од претерувањето со мезе во комбинација со пивото, како што се помфрит, кикирики и скара.
Инаку, самото по себе, истото е корисно. Еве зошто!
1. Го намалува ризикот од болести на срцето.
2. Содржи анти-оксиданти.
3. Го намалува ризикот од појава на камења во бубрезите.
4. Ја прави кожата мека, а истовремено и дава сјај.
5. Ја зголемува менталната активност.
6. Ги опушта мускулите и помага за отстранување на стресот.
7. Ги заздравува коските.
8. Го намалува лошиот холестерол.
9. Го намалува ризикот од формирање на тромби.
10. Го покренува расположението . Дури само мислата за пиво во текот на летото е доволна.
Не заборавајте дека ништо што е во прекумерни количини не е корисно! Обидете се да ги контролирате користите. Иако малку опуштање од време на време не само што не е фатално, туку срдечно се препорачува.