„Heavenly“ на Четкар доживеа промоција во Скопје.
Изданието кое беше прогласено за ремек-дело во Јапонија, стана вистински хит во Унгарија и направи културна инвазија во далечниот Исток, албумот „Heavenly“ на Владимир Четкар стигна во Македонија! Нашиот светски познат џез музичар вчера (19 ноември) одржа концертна промоција пред македонската публика, во „Станица 26“ во Скопје.
Веќе денес Четкар ќе патува за Њујорк, каде на 25 ноември го очекува снимање за новиот музички проект на Боб Синклар и Димитри Фром Париз.