Ова 5-километарско шеталиште ве води до замокот Виндзор.
„Долг пат” е шеталиштето со должина од речиси 5 километри, кое се протега до замокот Виндзор, што се гледа во далечината.
Замокот се наоѓа во средината на истоимениот град, кој е со површина од 20 квадратни километри и ја опфаќа територијата јужно од гратчето Виндзор на границата меѓу грофовијата Сари и Беркшир.
Со векови паркот што датира од почетокот на 13. век, е приватна резиденција и се користи за лов од локалните аристократи. Сега поголемиот дел од него е отворен за посетители од утро до вечер. Самото шеталиште е создадено од страна на кралот Чарлс II, а дрвјата од двете страни беа засадени од Вилхелм Орански во 1680 година.
Во времето на Џорџ III пак од Либија биле пренесени римски рушевини стари 2.000 години, кои го красат паркот.