Според бројни мислења компирот е штетен за луѓето, кои се борат со килограмите .
Всушност, тоа не е точно. Прво, во 100 гр. компири има само околу 80 калории. И второ, во овој производ има големо количество витамин Ц, како и елементи исклучително корисни за срцето. Затоа диетата која ќе ви ја презентираме, е навистина ефикасна и здрава! Се држи четири дена, после кои што се слабее минимум 2 килограми.
Прв ден
Појадок: Исечете го вашиот омилен плод на ситно и додадете јогурт во чаша. По желба можете да ставите и малку овес.
Ручек: 600 гр. компири се сечат на парчиња и се побиберуваат, а потоа се варат. Непосредно пред да станат подготвени, додадете и 100 гр. рендано сирење. Конзумирајте само половина количество.
Ужина: Мандарина, портокал или јаболко.
Вечера: Другата половина од компирите, останати од ручекот, зачинете ги со сос од јогурт и лук.
Втор ден
Појадок: 50 гр. нискомаслена урда и 1 кришка пченкарен леб.
Ручек: 4 варени компири средни помешајте ги со чорба од карфиол или брокула.
Ужина: Чаша ниско калорично свежо млеко.
Вечера: Направете си супа од компири и зеленчук по избор. Без фиде! Каснете си, колку и да ви се јаде од неа.
Трет ден
Појадок: 200 гр. јогурт.
Ручек: 200 гр. компири, печени со 1 јајце, малку сирење и свежи домати.
Ужина: Јаболко или грејпфрут.
Вечера: 200 гр. печен компир со 50 гр. урда.
Четврт ден
Појадок: Леб со 50 гр. пилешко месо и половина грејпфрут.
Ручек: 200 гр. варени компири, салата од пиперки и домати.
Ужина: Чаша сок од моркови и 1 кришка леб.
Вечера: Сварете 300 гр. компири. Сечете ги на коцки и додадете кромид, лук, 50 гр. сирење и 3-4 лажици јогурт. Може да ги зачинети со малку сол и сок од лимон.