Започнаа гласините за изгледот на iPhone 7

Веќе почнаа гласините за наследникот на iPhone 6.
iPhone 6 и iPhone 6 Plus се на пазарот  само два месеци, но се чини дека уште од сега почнуваат гласините околу следниот предводник на компанијата, имено iPhone 7. Според новите информации тој може да биде со поголем екран, од 5.5 инчи каков што имаме кај iPhone 6 Plus, овој пат екранот ќе биде од сафир – материјал, втор по цврстина на планетата, после дијамантите.

Според гласините iPhone 7 ќе биде направен од течен метал што ќе го направи на телефонот здрав, за да се спречи појавата на нов скандал, како оној со #bendgate. Можно е сензорот за отпечатоци Touch ID да биде направен така што ќе биде отстрането копчето home. Исто така, ќе бидат проширени и можностите на уредот преку вграден проектор, сличен на оној што се користи кај Samsung Galaxy Beam. Сомнителното тука е дека Apple може и да не успее да го подобри неговиот квалитет (инаку е бесмислено), а и тешко ќе може значително да ги намали димензиите.

Според гласините iPhone 7 ќе биде со батерија развиена по целосно нова технологија која ќе обезбеди подолг период на работа со уредот. Сето ова ќе биде придвижувано од quad-core процесор A8. Вградената меморија во топ верзијата на уредот нема да има 128 GB, туку можеби 256. Камерата е опремена со висококвалитетна 14 мегапикселна матрица.

Тоа се само гласини и не треба да претпоставуваме дека се завршните спецификациите на телефонот, туку повеќе нешто како „Што сакаме да видиме во следниот модел”  – топ листа.

Ќе треба да почекаме уште неколку месеци, за да видиме „случајни“ фотографии,  најави и уште гласини. Сепак, првите прогнози не се лоши, или далеку од реалните можности на компанијата.

- Реклама -