Децата од домот 11-ти Октомври во соработка со Примо чипс од јаболка изработија уметнички дела од јаболки.
Вчерашниот ден штитениците од домот за деца без родители 11-ти Октомври го искористија за изработка на прекрасни уметнички дела од јаболки.
Дечињата беа дел од креативната работилница во организација на компанијата Нутри – Груп и менаџментот на домот која го носеше името: Примо и креативците од 11- ти Октомври.
„Заедно со дечињата поминавме едно навистина убаво исполнето попладне и сме пријатно изненадени од нивната голема креативност. Цел на оваа работилница беше на кратко да им го разубавиме секојдневието на овие деца но и да пренесеме порака за здравата храна и секако здравите грицки како што е чипсот од јаболко”, велат сопствениците на Нутри Груп.
Креативната работилница се состоеше од два дела: Примо креативна работилница, направете уметничко дело од јаболко и Примо донација.
Сите дечиња кои беа дел од работилницата за подарок од компанијата добија пакетчиња од најздравиот чипс од јаболка Примо.