Колку пати во изминатиов период сте прочитале вести во кои се тврди дека Мајкл Џексон е жив? Веројатно толку многу пати колку што сте слушале за Елвис Присли и неговото (не) заминување во светот на мртвите. Низ историјата циркулирале мноштво терии на заговор кои тврделе дека различни познати личности сè уште се живи и покрај нивната документирана смрт. Еве избор на неколку најинтересни, а воедно најпознати такви теории.
Колку пати во изминатиов период сте прочитале вести во кои се тврди дека Мајкл Џексон е жив? Веројатно толку многу пати колку што сте слушале за Елвис Присли и неговото (не) заминување во светот на мртвите. Низ историјата циркулирале мноштво терии на заговор кои тврделе дека различни познати личности сè уште се живи и покрај нивната документирана смрт. Еве избор на неколку најинтересни, а воедно најпознати такви теории.
Џим Морисон, фронтменот на Doors, почина во Париз во 1971 година, но точните детали околу неговата смрт никогаш не беа потврдени. Повеќемина веруваат дека умрел од предозирање, но ни таа теорија не може да биде докажана затоа што после неговата смрт не беше извршена обдукција. Подоцна се рашири веста дека Морисон бил виден како се качува на авион истата недела кога бил пронајден мртов, додека други извори тврдат дека музичарот се наоѓа на приватен ранч во Орегон.
Елвис Присли, кралот на рок музиката, кој почина во 1977, исто така од предозирање, после смртта наводно бил виден на многу места. Креаторите на завери сметаат дека тој сакал да избега од светлината на рефлекторите, меѓутоа досега не се пронајдени докази кои би упатувале на тоа дека Елвис е жив.
Семејството на Никола II, последниот руски цар, беше погубено од страна на комунистичките војници во 1918 година. Но, кога беа најдени посмртните останки на царското семејство, меѓу нив недостасуваа телата на нивните две деца. Оваа мистерија доведе до тоа голем број на жени себеси да се нарекуваат изгубени деца, па така најпозната измамничка стана Ана Андерсон, која ги бараше правата за наследство полни 40 години. После нејзината смрт се изврши истрага, па се покажа дека нејзината ДНК не е поврзана со онаа на царското семејство. Пред две години беа пронајдени две тела, за кои беше докажано дека му припаѓаат на царското семејство.
Амелија Ерхарт позната е по тоа што стана првата жена која сама го прелета Атлантскиот Океан. Меѓутоа, кога таа сакаше да го повтори подвигот во 1937 година нејзиниот авион се сруши. Од тогаш потекнуваат нагаѓањата за тоа каде навистина паднал нејзиниот авион, па не долго после тоа беше прогласена за исчезната, а подоцна и за мртва. Многумина веруваат дека несреќата се случила кога Амелија Ерхарт прелетувала над јапонска територија, и тоа намерно, заради тоа што наводно сакала да си создаде нов идентитет. Од друга страна, се појавувале личности кои тврделе дека ја виделе во Јапонија, додека други веруваат дека јапонските власти ја заробиле после што била погубена.
Richard Bingham или лорд Лукан, мистериозно исчезнал во 1974, отако ја усмртил дадилката на своите деца, Сандра Ривет. Bingham е прогласен мртов според законот во 1999 година. Иако полицијата непрекинато трагала по него, не успеа да го најде местото каде се сокрил. Но, постојат повеќе случаи во кои различни граѓани од различни места во светот го пријавувале на полицијата неговото место на престојување. Лордот така некое време живееше во Индија, во Нов Зеланд и во Јужна Африка.
Енди Кауфман е американски комичар кој умре од рак на белите дробови во 1984 година. Меѓутоа, после неговата смрт низ Лос Анџелес почнаа да кружат гласини дека комичарот е сè уште жив. Кауфман не сакал да го нарекуваат комичар и не ја сакал многу својата професија, но тој станува интересен по тоа што го рекол – дека кога би ја лажирал сопствената смрт, би можел да се врати по 20 години. Пред пет години беше организирана забава за добредојде која му ја приредија пријателите, меѓутоа тој не се појави таму. Неговите обожаватели веруваат дека Кауфман навистина ја лажирал својата смрт, па во прилог на тоа нудат бројни докази. Во анкетата која се спроведе на страниците на IMDB, Кауфман е прогласен за топ славна личност која најверојатно ја лажирала својата смрт, па така тој се најде пред Елвис, Џејмс Дин и Хендрикс. Кауфман го заинтригира и Милош Форман, кој за него го сними филмот „Човек на месечината“ во кој неговиот лик го глуми Џим Кери.
Адолф Хитлер, исто така е уште едно име кое се споменува меѓу торетичарите на завери. Имено, се верува дека Хитлер не извршил самоубиство во подземниот бункер во 1945 година, како што се тврди. Водачот на нацистите наводно се убил со помош на цијанид и огнено оружје, а неговото тело го запалиле неколку Есес стражари пред на местото на случувањето да стигнат советските војници. Советите неговите постхумни остатоци ги однеле со себе во Русија, па со години се веруваше дека Сталин одлучил сè да остане тајна. Меѓутоа и понатаму се шират гласини дека Хитлер во неколку наврати бил виден после смртта, но последните испитувања потпомогнати од најновите технолошки решенија, утврдија дека дел од вилицата на Хитлер се наоѓа токму во една руска архива.
Мајкл Џексон, кралот на попот, кој почина во јуни оваа година, според многумина сè уште е жив. Токсиколошките наоди објаснуваат дека е убиен од преголема доза на смртоносни лекови кои му ги вбризгал неговиот личен лекар, но сомнежот сè уште не се мрднува од место.
Некои од теориите сугерираат дека Џексон е мртов веќе дваесетина години, па неговата улога ја презел негов двојник, за луѓето во негова близина да можат да зграбат дел од богатството. На една веб страница на интернет се појавува запис во кој стои дека телото на Мајкл е закопано под минијатурните железнички пруги во Неверленд, а со тоа мислење се согласија многумина.