13 интересни факти за соништата

Повеќе... Сонувањето е едно од најмистериозните искуства во нашите животи. За време на Римското царство, одредени соништа биле толкувани од страна на Римскиот сенат. Се верувало дека тоа се пораки од боговите. Толкувачите на сонови биле честа придружба на војсководците во битките и на политичарите во кампањите. Познато е дека голем број уметници добивале креативни идеи токму во нивните сништа. Еве уште 13 интересни факти за соништата.


Сонувањето е едно од најмистериозните искуства во нашите животи. За
време на Римското царство, одредени соништа биле толкувани од страна на
Римскиот сенат. Се верувало дека тоа се пораки од боговите. Толкувачите
на сонови биле честа придружба на војсководците во битките и на
политичарите во кампањите. Познато е дека голем број уметници добивале
креативни идеи токму во нивните сништа. Еве уште 13 интересни факти за
сонувањето.

dreams-stairs.jpg

1. Забораваме 90% од она што го сонуваме

5 минути после будењето, половина од она што го сонуваме се заборава. После 10 минути, забораваме 90%.

2. Слепите луѓе сонуваат исто така

Луѓето кои го изгубиле видот после раѓањето гледаат слики во нивните соништа. Луѓето кои се родиле слепи не гледаат слики, но имаат исто толку живописни сништа во кои се вклучени нивните други сетила – звук, допир и емоција.

dreams-piano.jpg

3. Сите сонуваат

Секое човечко битие сонува (освен во случај на екстремно психолошко пореметување). Ако мислите дека не сонувате, значи само дека не се сеќавате на соновите.

dreams-fairies.jpg

4. Во соништата гледаме само лица кои веќе ни се познати

Нашиот мозок не измислува лица – во нашите соништа гледаме реални лица на вистински луѓе кои сме ги виделе за време на нашиот живот, но може да не ги познаваме или да не сме ги запамтиле. Сите ние сме виделе стотици илјади лица за време на нашиот живот, па така имаме бесконечен репертоар со карактери кој нашиот мозок го користи за време на соништата.

dreams-night.jpg

5. Не сонуваат сите во боја

12% од луѓето сонуваат само во црно-бело, останатите сонуваат колоритни сништа. Студиите кои започнале од 1915 и продолжиле до 1950 покажале дека за време на овој временски период поголемиот дел од соновите биле црно-бели, но ова почнало да се менува во 60-тите години. Денес, само 4.4% од соништата на оние под 25- години се црно-бели. Најновите истражувања сугерираат дека ова се должи на преодот од црно-белите филмови и телевизија кон новите медиуми во боја.

dreams-summer.jpg

6. Соништата се симболични

Ако сонувате некој одреден субјект не значи дека во сонот тој има исто значење како во реалноста. Соновите „говорат“ со длабоко симболичен јазик односно во соништата ништо не е онака како што изгледа.

dreams-forest.jpg

7. Емоции

Најчестата емоција која се искусува во сон е анксиозноста. Негативните емоции се многу почести одошто оние позитивните.

dreams-dance.jpg

8. Соништа што се повторуваат

Додека содржината на повеќето соништа се сонува само еднаш, голем број на луѓе имаат сонови кои се повторуваат. 70% од жените и 65% од мажите имаат соништа што се повторуваат.

dreams-cat.jpg

9. И животните сонуваат

Биле направени истражувања со различни видови животни, и сите тие покажале исти мозочни бранови за време на спиењето како кај луѓето. Набљудувајте некогаш куче што спие. Тоа мрда со шепите исто како да трча и прави звуци како да брка нешто во сонот.

dreams-flying.jpg

10. Парализа на телото

REM (скратено од Rapid eye movement) е нормална фаза во спиењето која се карактеризира со рапидно движење на очите. Оваа фаза кај возрасните луѓе обично трае од 90-120 минути т.е. 20-25% од целокупното време поминато во спиење.

За време на REM фазата телото е парализирано што се должи на механизмот во мозокот кој го спречува физичкото тело да ги прави движењата кои се појавуваат во сонот. Меѓутоа возможно е овој механизам да се активира пред, за време или после нормалното спиење додека мозокот се буди.

dreams-evening.jpg

11. Додека спиеме нашиот мозок ги вклучува и надворешните стимули во сонот

Нашиот мозок ги интерпертира надворешните стимули кои се перцепираат со нашите сетила и за време на спиењето ги вклучува во соништата. Ова значи дека понекогаш, во нашите соништа, звук во реалноста може да се инкорпорира во сонот. На пр. сонувате дека сте на концерт додека вашиот брат свири гитара.

12. Мажите и жените сонуваат различно

Мажите се склони да сонуваат други мажи. Околу 70% од ликовите во машките соништа се мажи. Од друга страна, женските соништа вклучуваат еднаков број ликови од двата пола. Настрана од ова, мажите генерално имаат повеќе агресивни чувства во соновите, одошто жените.

dreams-horses.jpg

13. Претскажувачки соништа

Резултатите од неколку испитувања врз различни популации покажале дека помеѓу 18% и 38% од луѓето имале барем еден претскажувачки сон, а 70% од нив имале [[Déjà_vu|дежаву]]. Процентот на луѓе кои веруваат дека постојат претскажувачки соништа е многу поголем, од 63% до 98%.

Илустрации: alicepopkorn

- Реклама -