Вуди Ален и неговата порака кон дипломираните студенти

Американскиот режисер, драматург, сценарист и актер Алан Стјуарт Конигсберг, подобро познат како Вуди Ален, започнува лекомислена кариера како пишувач на смешни скечеви за ТВ емисии и печатени медиуми.

Малку подоцна самиот тој се претвора во стенд-ап комичар и гради сопствен образ со карактеристични ставови и карактерни црти. Така се појавуваат духовитоста и нестандардниот хумор со кој што ја освојува публиката и ги развива до широки монолози, наместо да раскажува фрагментирани вицови и шеги.

На 17 години, веќе заработува повеќе од своите родители и легално го променува името.

Познат по многубројните филмови, меѓу кои “Ени Хол”, “Хана и нејзините сестри”, “Сопрузите и сопругите”,  “Вики, Кристина, Барселона”, “Полноќ во Париз”, Ален конципира отворени граници на стилот со кој ги пресоздава меѓучовечките односи и остава на имагинацијата на публиката да ги открие одговорите на некои од најважните прашања.

Имагинарниот говор кон дипломираните студенти се појавува за прв пат во Њујорк Тајмс на 10 август 1979 година. Говорот, што е како изваден од машината на времето е интересна споредба на факти и размислувања пред 34 години, кои заслужуваат внимание и неизбежно водат до една природна и лесна иронија – така карактеристична за Вуди од почетокот на неговата уметност до денес.

Повеќе од било кога во историјата, човештвото е исправено на крстопат. Едниот пат води кон очај и крајна беспомошност. Другиот – кон целосно исчезнување. Да се помолиме  и да имаме мудрост да избереме правилно.

Мисла на денот

Вуди Ален

Патем, не зборувам насмеано, туку со панично убедување за апсолутната  бесмисленост на постоењето, кое може лесно да биде прогласено за песимизам.

Не е. Тоа е едноставно здрава загриженост за тешкотиите на модерниот човек. (Модерен човек се нарекува секој, роден по декрет на Ниче дека „Бог е мртов”, но пред музичкото парче “I Wanna Hold Your Hand”.) Овие „тешкотии” можат да бидат искажани на еден од два начина, иако некои лингвистички филозофи претпочитаат да ги ограничат до математичка равенка што лесно може да биде решена и дури да ја носиме во паричникот.

Поставен во својот наједноставен облик, проблемот е: Како е можно да најдам смисла во ограничен свет, кој ми ја дава половината и е со големина на кошулата?

Тоа е многу тешко прашање, кога сфаќате дека науката не предала. Точно, таа победи многу болести, одгатна генетски код и дури постави човек на Месечината и се уште, кога 80 годишен човек е во една соба со две 18 годишни келнерки, ништо не се случува. Бидејќи вистинските проблеми никогаш не се менуваат.

На крајот на краиштата, може ли да се ѕирне во човечката душа преку микроскоп? Можеби, но сигурно ќе ви треба еден од оние многу добри микроскопи со два окулара. Ние знаеме дека и најмодерниот компјутер во светот нема толку софистициран мозок, како и оној на мравка. Навистина можеме да го кажеме тоа за сите наши роднини, но треба само да ги посетуваме на свадби или посебни случаи.

Науката е нешто од што зависи целото време. Ако добијам болка во градите, треба да си направам рендгенска слика. Но, што ако радијацијата  ми предизвика посериозни проблеми? Пред да го знам тоа, јас влегувам за операција. Природно, додека ми даваат кислород, некој почетник решава да запали цигара. Следното нешто што го разбирате е дека шетате во Светскиот трговски центар по пижами. Тоа наука ли е?

И каде е науката, кога некој размислува за вечните мистерии? Како се појавил космосот? Колку време постоел? Материјата со експлозија…Дали започнува или е според Божјата волја? И ако е второто, можел ли  Тој да започне две недели порано, за да се искористи  топлото време? Што точно мислиме кога велиме дека човекот е смртен? Очигледно не е комплимент.

За жал, религијата, исто така не разочарала. Мигел де Унамуно безгрижно пишува за „вечната упорност на свеста”, но тоа не се постигнува лесно. Особено кога читаш Такер. Често мислам колку удобен бил животот за раниот човек, бидејќи тој верувал во Севишниот, милосрден творец, кој се грижи за сè. Замислете го неговото разочарување кога ја видел жена си како наддава килограми.

Современиот човек, се разбира, нема таков душевен мир. Тој се нашол среде криза на верата. Тој е она што ние го нарекуваме модерно „отуѓен”. Тој ги видел страдањата на војната, искусил  природни катастрофи, бил во барови за самотници.

allen-500

Мојот добар пријател Жак Моно често зборуваше за случајноста на вселената. Тој веруваше дека сето постоечко се појавува по чиста случајност, со евентуален исклучок на неговиот појадок, за кој што, тој беше убеден дека е подготвен од неговата домашна помошничка.

Природно, верата во божествениот разум го инспирира спокојството. Но тоа не не ослободува од нашите човечки одговорности. Заштитник ли сум на својот брат? Да. Интересно е дека во мојот случај ја делам таа чест со зоолошката градина во паркот  во Бруклин.

Што сторивме сега? ја претворивме технологијата во Бог.

Мојот тостер ниту еднаш не работел како што треба, за последните четири години. Ги следам  инструкциите и ставам две парчиња леб во процепите и секунди подоцна тие излегуваат. Еднаш и го скршив носот на една жена која длабоко ја сакав. Се потпираме ли на навртки и завртки, на струјата, за да ги решиме проблемите?

Да, телефонот е убаво нешто – и фрижидерот, и климата. Но, не секоја клима. Не и онаа на сестра ми Хениг, на пример. Нејзината произведува силен звук и покрај тоа, не лади. Кога ќе дојде човекот да ја поправа, станува полошо. Тој и рече дека стреба  да купи нова.

Проблемот е што нашите лидери не ни подготвија упатство за механизирано општество. За жал, политичарите ни се или неспособни или корумпирани. Понекогаш и двете во ист ден. Владата не може да одговори на потребите на малиот човек. Во петте работни дена е невозможно да се му се јавите на вашиот  конгресмен по телефон. Не негирам дека демократијата е се уште најдобрата форма на управување. При демократијата барем се прифаќаат граѓанските права. Ниту еден граѓанин не може да биде своеволно измачуван, заробен или натеран да стои на некои бродвејски шоуа.

И покрај сè, тоа е бледо подобие на она што се случува во Советскиот Сојуз. При нивната форма на тоталитаризам, човек минува  триесет години во работен логор.

Заедно со овој крволочен фашизам ја наоѓаме и неговата слугинка – тероризмот.

TxR87V92uK0zhdgRuDJwU4vCge9Che

Насилството раѓа уште насилство и предвидени се  до 1990 киднапирања, распространети во форма на социјална интеракција.

Пренатрупаноста ќе ги влоши проблемите до точката на рефракција. Личности ни кажуваат дека веќе има повеќе луѓе на земјата отколку што се потребни за да го преместиме дури најтешкото пијано. Ако не го запреме размножувањето, до 2000 година нема да има ниту една соба, во која ќе се сервира вечерата, освен ако некој не сака да ја постави масата врз главите на непознати.

Наместо да се соочиме со овие предизвици, ние се свртуваме кон глупости како дрогата и сексот. Живееме во премногу толерантно општество. Никогаш порано порнографијата не била толку неконтролирана.

А и овие филмови се осветлени толку лошо!

Ние сме луѓе без цели. Никогаш не сме се потпирале на љубовта. Ни недостигаат лидери и последователни програми. Немаме духовен центар. Ние се носиме по течението сами во вселената, предизвикувајќи монструозно насилство еден на друг, без возбуда и болка. За среќа, не сме го изгубиле чувството за мерка.

Да сумирам: јасно е дека во иднината има големи можности. Има и стапици. Трикот е да ги избегнеме замките, да ги искористиме можностите и да се прибереме дома до 6 часот.

- Реклама -